Што мислат младите за работничките права?

In Живот

75% од младите сметаат дека правата на работниците постојат само на хартија, а работниците не ги бранат своите права, покажува последното истражување на Коалицијата на младинските организации „Сега“.

Според анкетата, 25% од невработените се подготвени да работат без да потпишат договор. Илиевски вели дека актуелната состојба на младите невработени лица е загрижувачка и според него, и самите работодавци треба да бидат потранспарентни и да ги едуцираат своите работници за нивните права.

Кршењето на правата на работниците е една од причините зошто младите ја напуштаат земјата, вели Благоја Ралковски, од Независниот Синдикат.

Марија Џонс вели дека честите измени на законот за работни односи се на штета на правата на работниците.

Иако голем број на работници се жалат за условите и правата на работното место, Џонс вели дека тие не го пријавуваат проблемот од страв дека ќе бидат избркани од работа.

Работниците често се отпуштани од работа усно, без документ, а за да се случат измени во актуелната состојба, според неа, работниците треба да го кренат гласот за своите права.

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu