Шест трикови за попаметен и побрз мозок

In Здравје

Имате впечаток дека ништо не ви оди од рака? Неможете да се сетите што е тоа што сте требало да го направите, или да кажете?Веќе трет пат во истата недела сте излегле од дома а сте оставиле вклучена рингла на шпоретот?

Постои начин својот мозок да го доведете во ред и да бидете попаметни, треба само да „тренирате“,а ова се шест трикови како да успеете во тоа:

 

1. Додека се туширате или се бањате држете ги очите затвроени. Не си олеснувајте себеси со наоѓањето на шампонот и купката, туку развијте го чувството и малку помачете се.

 

2. Танцувајте!Играјте! Движењата кои ги правите додека танцувате го поттикнуваат малиот мозок да лачи протеини кои му помагаат на невроните да бидат поефикасни од обично.

 

3. Доколку сте десничар, повремено користете ја левата рака за миење заби или некои такви вообичаени, секој дневни работи за кои инаку ја користите десната рака. Доколку сте левичар, тогаш користете ја почесто десната рака. На тој начин се губи чувството на механичка работа во најобичните ситуации.

 

4. Играјте пинг-понг. Тенисот на маса како спорт е доста тежок и подразбира потполна концентрација и око-рака координација. На тој начин се зајакнува социјалната интеракција.

 

5. Одете во шопинг. Шопингот е доста добра активност за мозокот. Освен физичкиот напор, кога сте во шопинг го вежбате и мозокот бидејќи оваа активност подрзбира размислување, комуницирање со луѓето, пресметување..

 

6. Научете некои забавни вештини како што е, на пример, жонглирање. На овој начин некои подрачја на мозокот се активираат, а моторичките активности и просторната ориентација на тој начин се подобруваат.

 

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu