Прошетка на ПЕЛИСТЕР

In Во Македонија

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на РМ и се протега на северната падина на планината Баба,најјужната планина на Балканот со алпски карактер.Поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските   предели на планината Пелистер, еден нејзин дел во 1948 година е прогласен за национален парк и претставува прво заштитено природно богатство во Македонија кое зафаќа површина од 17.150 хектари.

 

 

НП Пелистер е карактеристичен по значајните природни вредности, познат е по својата убавина, богатство и разновидноста на биодиверзитетот. Паркот изобилува со извори и планински реки, а има и две глацијални езера (Големото и Малото Езеро, познати како Горски Очи).

 

 

На Пелистер се среќаваат 25 растителни заедници, од кои 9 се шумски, а 16 се тревни заедници. Од шумските дрвни видови на Пелистер најголема вредност има моликата (Pinus peuce), автохтон вид на петоигличест бор кој претставува еден од најзначајните и најинтересните биогеографски, еколошки и вегетациски феномени на Балканскиот Полуостров.

Националниот парк Пелистер e област со висока вредност, познат по исклучително убавиот и недопрен предел и место каде природните процеси, функции, циклуси и живиот свет непречено се одвиваат и еволуираат; неговите посетители уживаат во широкиот спектар на активности кои се во согласност со природните услови“.

Заштитен знак на Пелистер се бистрите изворски води во кои ќе ја забележите пелистерската и пелагониската пастрмка, водопадите, и планинските езера, неколку сезонски и двете леднички – Големо и Мало езеро, познати уште како и Пелистерски Очи.Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ке дојде пак…

 

Ф А У Н А 
 

Фауната во Националниот парк Пелистер се каректеризира со голем број реликтни и ендемични видови..  Во малото глацијално езеро “Мало Езеро” се среќава вилинското ракче, кое претставува балкански реликтно-ендемичен таксон. Додека во големото глацијално езеро “Големо Езеро” живее амфиподното ракче кое е пелистерски ендемит.Само во водите на овие две глацијални езера, се среќава харпактикоидното ракче кое е пелистерски ендемичен вид.

Во горниот тек на реките Сапунџица. Злокуќанска и Ротинска река живее поточната пастрмка, која претставува пелистерски ендемичен вид.

Најкарактеристични претставници на ‘рбетниците се: бувот, ноќна ластовица, јастреб кокошкар, скалест орел, јазовец дива мачка,балкански рис,кафеава мечка, елен и срна.

Во високопланинскиот појас на Пелистер се среќаваат балканската дивокоза, снежната полјанка, шарката, реликтниот крт, слепото куче и многу други.

Од птиците, се издвојуваат: црвеноклуната галка, скалестиот дрозд, белогушестиот дрозд и еребицата камењарка.

pelister-fa01

 

 
Ф Л О Р А
 

Флората во Националниот Парк Пелистер со своето богатство и разновидност претставува една од најзначајните вредности на биолошката разновидност на оваа планина и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија.Посебно значење има моликата (Рinиѕ реисе Grisebach), која образува пространи и биолошки витални популации во висинскиот распон од 700 – 2200 м и претставува нејзин флористички заштитен знак.

Флората на вишите растенија во НП Пелистер опфаќа над 1050 таксони. Најзастапени се цветните растенија со над 900 видови.

 
 
К У Л Т У Р Н О   Н А С Л Е Д С Т В О
 
 
Од археолошките знаменитости, Националниот парк Пелистер ги поседува населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот.
 
Pelister_kn01
Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време – Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.
 

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu