Отворен повик за стипендии на универзитети од шангајската листа!

In Конкурси

Министерството за образование и наука информира дека во тек се конкурсите за доделување на стипендии за граѓаните на Република Македонија коишто во академската 2018/2019 година, ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, според последната објавена ранг листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

 

Покрај главниот услов за доделување на овие стипендии, а тоа е уписот на студии на некој од најдобрите 10 универзитети во светот од сите области, односно еден од најдобрите 100 универзитети од наведените области, секој потенцијален кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, да не е корисник на стипендија од друг давател, да поседува доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата и да има постигнато одреден успех во текот на претходното образование (просечна оценка од 4,5 во текот на средното образование, доколку аплицира за стипендија за додипломски студии,  односно 8,5 во текот на првиот или/и вториот циклус на студии доколку аплицира за стипендија за постдипломски, односно докторски студии).

 

Износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал и ги покрива трошоците за уписнина најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, повратен авионски билет и месечен паричен надомест.

По завршувањето на студиите, кандидатите согласно потпишаниот договор за користење на стипендијата имаат обврска да се вратат во Република Македонија и да работат во јавниот или приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.

Крајниот рок за аплицирање е 31 август 2018 година.


Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2018/2019 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2018/2019 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во странство за академската 2018/2019 година

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu