Ораторска вечер на УКЛО

In Високо образование
Loading...
На четвртиот натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ на тема: 40 години УКЛО  Дигитална (р)еволуција учествуваа 12 студенти од неколку единици на УКЛО.  

За најдобри оратори од страна на жири комисија прогласени се студентите:

Бојан Стојановски, од Економскиот факултет – Прилеп, прво место, Софија Трампевска, од Предагошкиот факултет – Битола, второ место и Димитар Врглевски, од Правниот факултет – Кичево, трето место.

За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО на најдобрите оратори им доделува и парични награди.

Присутните студенти, професори и гости од името на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски ги поздрави проректорот, проф. д-р Виолета Маневска која по повод пригодата истакна дека со Тривиум, УКЛО воспоставува една суптилна, модерна нишка со младите и дека УКЛО, на 9 мај ќе биде домаќин на државниот настан, Собир на студентите, по повод Денот на европското обединување.

Инаку, УКЛО ТРИВИУМ традиционално се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО, 25 април, а годинава носи и јубилеен прдзнак, 40 години УКЛО.

Во пресрет на настанот се одржа работилница за јавно говорење под менторство на проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu