Образование за возрасни

Образованието за возрасни опфаќа формално, неформално и информално учење:

 

1. Формално образование на возрасните означува дејност која се изведува согласно законите кои ја регулираат дејноста основно, средно и високо образование, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Формалното образование на возрасните е институционализирано образование кое се спроведува во државни и приватни установи и институции како редовно и вонредно образование, според соодветни наставни планови и програми.

 

Формалното образование на возрасните опфаќа:
– основно образование на возрасни,
– средно образование за возрасни, стручно оспособување, стручно образование за занимање, техничко образование и постсредно образование за возрасни, како и преквалификација и доквалификација и
– високо образование на возрасни.

 

 

2. Неформално образование на возрасните означува организирани процеси на учење насочени за оспособување на возрасните за работа, за различни социјални активности или личен развој.

3. Информално учење на возрасните означува активности во кои возрасните ги
прифаќаат ставовите и позитивните вредности, вештините и знаењата од секојдневните
искуства и други влијанија од својата околина.

 

Цел на образованието на возрасните е да се обезбеди можност за стекнување на соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да овозможи истите да  стекнат знаења, вештини и ставови кои ќе бидат во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот.

 

 

Задачи на образованието на возрасните се:
– завршување на најмалку задолжително образование,
– оспособување за вработување на возрасните кои не завршиле образование за прво ниво на стручни квалификации,
– преквалификација и доквалификација, оспособување и обука на вработени и невработени возрасни лица,
– овозможување образование и стекнување знаеања и вештини кои одговараат на личните способности и возраста на поединците и
– стекнување со основни вештини и компетенции со кои се обезбедуваат основи за доживотно учење.

 

Образованието за возрасните, согласно со овој закон, можат да го вршат јавните и приватните установи за образование на возрасните, институциите за образование на возрасните, центрите за усовршување, работодавачите и социјалните партнери, здруженијата или индивидуалните обучувачи кои ги исполнуваат условите пропишани со овој закон.

Mobile Sliding Menu