Најнова студија: Првородените деца се попаметни од помладите браќа и сестри

In Истражување и развој, Политика
Loading...

Ако сте средно или најмладо дете, ова може малку да Ве разочара. Очигледно, истражувањата покажале дека првородените деца најверојатно се поинтелигентни од нивните браќа и сестри.

Една студија спроведена од страна на економисти на Универзитетот во Единбург и Универзитетот во Сиднеј покажала дека првородените деца имаат подобри способности за размислување, како и подобри резултати на тестовите за интелигенција отколку нивните помлади браќа и сестри, пишува The Guardian.

Резултатите покажуваат дека причина за ова е фактот дека најстарите деца добивале повеќе ментални стимулации. Иако родителите се труделе да обезбедат исто ниво на емоционална поддршка за нивните деца, на првородените деца им било пружено поголемо внимание со задачи кои го поттикнувале нивното размислување.

Студијата, која користела податоци собрани од страна на Државниот завод за статистика на САД, испитувала речиси 5.000 деца од пред да се родат па сѐ до 14 годишна возраст и ги имала во предвид факторите како што се семејството и економските услови.

Првородените деца постигнале повисоки резултати на тестовите, вклучувајќи читање и вокабулар. Ова значи дека децата кои се родени први би имале повисок степен на образование и би заработувале многу повеќе во понатамошниот живот.

,,Нашите резултати покажуваат дека големите промени во однесувањето на родителите се логично објаснување за очигледните разлики во образованието и резултатите од пазарот на трудот“ вели д-р Ана Нуево-Чикеро од Универзитетот за економија во Единбург.

Сепак, да се биде најстар брат или сестра има и свои слабости. Едно истражување спроведено во 2009 година покажало дека првородените деца се речиси двојно поизложени на притисок да успеат во училиште отколку нивните помлади браќа и сестри.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu