Група научници очекува дека Сонцето до 2050 година “необично ќе се излади”. Тие ова го нарекоа “екстремен минимум”, што е суштински најниска точка во обично изедначениот 11 годишен циклус на Сонцето.
Нуклеарната фузија во сончевото јадро предизвикува ултралилаво зрачење кое создава пеги на Сонцето.
Научниците трагаат по шемата на тие циклуси.
После 20 години собирање податоци и следење на Сонцето, физичарот Ден Љубин од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, пресмета и за колку нашата звезда ќе се олади.
– Сонцето ќе биди поладно за 7 степени – рече Љубин во студијата објавена во Списанието на астрофизичари, пренесува АОЛ.
– Сега има појдовна точка од која може да направиме подобар климатски модел на симулација. Така можеме да разбереме како промените во соларното ултралилаво зрачење влијаат на климатските промени – истакнува Љубин.