Натпревар во ораторство на УКЛО Битола

In Високо образование, Конкурси

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април 2018 година, по трет пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема:  

 

Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век!

УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување. Конкурсот е отворен до 30 март 2018 година.

КРИТЕРЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ:

 

  • Секој учесник треба да го ограничи својот говор на максимум 5 минути. Долна граница нема;
  • Говорите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани;
  • Задолжителни компоненти на говорот: Вовед(10-20 проценти од целиот говор); Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати.

УЧЕСНИЦИ НА КОНКУРСОТ:

  • На конкурсот може да учествуваат студенти запишани на прв, втор или трет циклус на студии при УКЛО – Битола.
  • Најдобрите оратори ќе бидат наградени.

ПРАВИЛА ЗА ГОВОРИТЕ:

  • Говорите треба да бидат напишани на македонски јазик;
  • За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат;
  • Сите говори ќе имаат 20 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 20-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на Комисијата за оценка и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид;
  • Учесниците на Конкурсот му ги отстапуваат авторските права на организаторот за објавување на говорите во електронска и печатена форма;
  • Говорите треба да се испратат по електронски пат со назнака дека се праќаат за ораторскиот натпревар на следната електронска адреса oratorstvo2018@uklo.edu.mk;

Краен рок за пријавување е 30 март 2018 

You may also read!

Странците во Германија се помалку платени од Германците

Иако имаат исти квалификации и работат иста работа, странците во Германија по правило имаат помала плата од Германците, а

Read More...

Стипендии за студирање во Франција

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат. Стипендијата ги покрива

Read More...

Kонкурс за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи

Амбасадата на Кралство Шпанија во Скопје информира дека Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објави конкурс

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu