Изведба на „Македонско девојче“ од хор во Јордан (ВИДЕО)

In Култура

Една од најпознатите песни на Јонче Христовски, „Македонско девојче“, како дел од репертоарот на музичкиот ансамбл „Дозан ва автар“ од Јордан, која промовира хорска музика и иновативна изведбена уместност, беше изведена на 7 и 8 февруари во театарот во главниот град Аман, јавува Експрес.

Заслугите за тоа се на браќата Ајман и Самер Фаза, кои имаат потекло од Македонија, при што првиот го направил аранжманот и заедно со вториот, викан Крсте, им помогнале на другите членови на хорот да ја научат песната.

На тој начин браќата Фаза сакале да ја слават сопствената љубов кон македонската култура, кон македонскиот народ и кон своето потекло. Песната ја посветуваат на сопственото „македонско девојче“ – нивната мајка.

[srizonfbvidsingle id=https://m.facebook.com/video_redirect/?src=https%3A%2F%2Fvideo.fskg1-1.fna.fbcdn.net%2Fv%2Ft42.1790-2%2F27963586_2035325333373942_2066779782284050432_n.mp4%3Fefg%3DeyJybHIiOjM3NCwicmxhIjo1MTIsInZlbmNvZGVfdGFnIjoic3ZlX3NkIn0%253D%26oh%3Db6b7079725e6b6732fa1c80a46568c04%26oe%3D5A9B4ECF&source=embedded_video&id=1220840481382142&locale2=de_DE&__tn__=F]

„Дозан ва автар“ е водечки секуларен хор во Јордан, составен од 40 до 60 члена од оваа блискоисточна земја и од целиот свет, претставувајќи различни професии, возрасти, култури и интереси. Заедно со хоровите „Вартавар“ и „Хармонија на животот“, тие три вечери едноподруго од 6 до 8 февруари во Аман за јорданската публика изведоа широк спектар музика од регионот, како и од Алжир, Тунис, Македонија, Романија и Ерменија.

Извор: news24

You may also read!

Странците во Германија се помалку платени од Германците

Иако имаат исти квалификации и работат иста работа, странците во Германија по правило имаат помала плата од Германците, а

Read More...

Стипендии за студирање во Франција

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат. Стипендијата ги покрива

Read More...

Kонкурс за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи

Амбасадата на Кралство Шпанија во Скопје информира дека Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објави конкурс

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu