Денот на раѓање го oпишува вашиот карактер!

In Забава

Како што астрологијата и нумерологијата ги опишуваат некои карактеристики на личноста, тоа може да го прикажат и деновите во неделата.

 

Понеделник

Родените во овој ден се деца на Месечината. Често го менуваат мислењето, несакаат критика и долго ги паметат навредите. Бидејќи се осетливи, романтични и сентиментални, лесно се подложни на влијанието на оние кои ги сакааат. Со дефанзивен карактер се и заштитнички расположени кон послабите.

 

Вторник

Луѓето родени во вторник се под силно влијание на Марс. Кај нив е нагласен сексипилот, но и комплетна сексуална енергија која ги издвојува од масата други луѓе. Многу се силни и темпераментни. Спремни се и физички да да го бранат се она што ќе ја задоволи правдата, која им е од посебно значење.

 

Среда

Луѓето родени во среда, се под силно влијание на Меркур. Тие се доста спретни, лукави и вешти. Често умеат добро да работат со рацете. Креативноста е нешто по што тие се препознатливи. Се движат во широк круг на луѓе и воглавно сакаат да избираат динамични работи. Овие луѓе едноставно немаат „мир“.

 

Четврток

Луѓето родени во четврток се под силно влијание на Јупитер! Доста се харизматични и воглавно љубезни, личности кои дефинитно знаат што сакаат од животот. Кога зборуваат, се изразуваат на начин разбирлив за секој и многу би посакале да се во нивно друштво. Исто така пожелни се како емотивни партнери.

 

Петок

Луѓето родени во петок се под силно влијание на Венера. Секогаш се ведри и расположени и никогаш немаат прекорен став кон својата околина. Најпосакувани емотивни партнери, бидејќи за нив се знае,дека кога сакаат, тоа го прават вистински. Тие се лојални во врската, а им се припишува креативноста и уметничкиот талент.

 

Сабота

Луѓето кои се родени во сабота се под влијание на Сатурн! Спаѓаат меѓу најдисплинираните личности, од нив ретко кога можете да доживеете неодговорност. Затоа тие се најпосакувани партнери во работата. Како емотивни партнери се поставуваат заштитнички, пружаат потпора на партнерот, но секогаш се тука и за своите пријатели!

 

Недела

Луѓето кои се родени во недела се пој силно влијание на Сонцето! Тие пред се се посебни,ја сакаат својата индивидуалност, која ја негуваат. Несакаат да потсетуваат на никој друг. Сакаат пари, и неретко се фасцинирани од материјалното, но се и создаватели на истото. Во љубовта се силно темпераментни со изразена сексуална енергија!

 

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu