Кој македонски универзитет е на прво, а кој на последно место!

In Високо образование, Образование

За развивање и одржување на квалитетот на високото образование, согласно Законот за високото образование, на секои две години задолжително ќе се спроведува рангирање на сите универзитети и високо-образовни установи во состав на универзитетите (факултети и уметнички академии) запишани во регистарот на високообразовни установи.

 

По тој повод Министерството за образование и наука распиша отворена постапка и во 2011 година е избран Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет од Народна Република Кина, водечката светска институција за рангирање на високообразовни установи.

http://univerzitet.mk/wp-content/uploads/2015/12/rang.bmp
Ранг листа за академска 2015/2016 година

 

Рангирањето е спроведено согласно Берлинските принципи за рангирање на високообразовни установи и се однесува за 2016 година при што се користени податоци од 2015 година. Рангирањето ја стимуира конкуренцијата помеѓу високообразовните установи, дава значајни информации поврзани со статусот на високообразовната установа за работодавачите, стопанството и студентите и нивните родители и за сите заинтересирани субјекти.

 

Универзитетот “Св. Кирил и Методиј повторно на прво место”
-Шангајски Универзитет
Од друга страна, рангирањето на високообразовните установи претставува надополнување на постапките поврзани со оценувањето на квалитетот на високообразовните установи, даваат претстава за развојот на високообразовните установи и во зависност од нивниот квалитет може да придонесе при потранспарентаната и поправедната алокација на средствата за универзитетите врз основа на нивната успешност со цел наградување и стимулирање за уште поголемо зајакнување на квалитетот. Заради придобивките од спроведеното рангирање, се повеќе земји го вклучуваат рангирањето во своите стратегии за развој на високото образование во делот за обезбедувањето на квалитетот.

 

Согласно известувањето од МОН и Шангајската листа, УКИМ е повторно на првото место, додека изненадување на оваа листа е седмото место на УКЛО.

 

You may also read!

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република

Read More...

Пријави се за платена стручна пракса!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои https://www.viagrageneriquefr24.com/viagra-prix-montreal/ се на додипломски или постдипломски студии

Read More...

Повик за пријавување за академски стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu