Странците во Германија се помалку платени од Германците

In Живот и стил
Иако имаат исти квалификации и работат иста работа, странците во Германија по правило имаат помала плата од Германците, а разликата во просечната плата изнесува цели 22 проценти.

Според анализите на германската Сојузна агенција за работа, за која пишува берлинскиот дневен весник Велт, просечната бруто плата во Германија за лица кои работат со полно работно време и ги плаќаат сите социјални доприноси, на крајот на 2017 година изнесувала 3.209 евра месечно.

Вработените кои имаат германско државјанство заработувале просечно 3.294 евра, додека странците просечно заработувале по 2.463 евра. Што значи, разликата е 22 проценти. Но, постојат разлики и помеѓу странците.

Најмалку се платени вработените од земјите од кои во последните години доаѓа најголема побарувачка за азил (Сирија, Авганистан, Ирак, Нигерија, Еритреја, Иран, Пакистан и Сомалија). Тие просечно заработуваат по 1.839 евра бруто. И тие разлики важат за сите нивоа на занимање – помошни работници, квалификувани работници, специјалисти и стручњаци.

Според анализите на Сојузната агенција за работа, и странците кои имаат исти квалификации и работат иста работа заработуваат значително помалку. Како помошни работници Германците заработуваат просечно 2.313 евра бруто, странци како помошни работници заработуваат просечно 1.918 евра бруто, додека странците кои доаѓаат од осумте земји од каде има најголема побарувачка на азил, како помошни работници заработуваат просечно 1.647 евра бруто.

Слична разлика се забележува и кај стручњаците (академски образовани и други високо квалификувани лица). Германците заработуваат просечно 5.333 евра бруто, странците 4.960 евра бруто, а странците од осумте земји со најмногу лица кои бараат азил 4.394 евра бруто. Разликите се воочуваат и кога Германци и странци со исти квалификации работат иста работа.

Најмала разлика помеѓу Германците и странците се забележува на работните места кои и онака се најлошо платени. Германските чистачи и чистачки, на пример, заработуваат 1.765 евра бруто, странците 1.761 евро бруто, а странците од осумте земји од каде има најголема побарувачка на азил 1.655 евра бруто.

Анализата на Сојузната агенција за работа исто така покажува дека во Германија генерално не недостасува работна сила. Имено, претходната година имало просечно 796.000 непополнети работни места, додека бројот на невработени изнесувал просечно 2.300.000 – три пати поголем. Во 2018 во Германија работа барале просечно 4.400.000 лица.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu