110-те најдобри бруцоши нема да плаќаат партиципација за прв семестар

In Високо образование
По повод 40 години
Advertisement
од основањето на Универзитетот „Св Климент Охридски“  од Битола  годинава 110 брцоши кои што ќе бидат најдобро рангирани на конкурсите кои што ќе ги објават и спроведат  високообразовните единици кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација за прв семестар.

-Тоа го направивме за да го отвориме процесот на селекција, за подобрите, да имаме поквалитетен влез. Но и маркетингшки, зошто да не кажеме да ние мислиме на оние луѓе, добри деца и спремни сме да ги прифатиме. Тоа е делот кога идните студенти не се покриени со некакви стипендии. Веќе од втора година кога ќе покажат тие резултати имаат можност и преку фирмите кои што ги даваме, преку министерството за образование и на разни други начини да добијат стипендија, но бруцошите никој не ги покрива, затоа решивме 110 стипендии да дадеме на идните бруцоши. Ако тоа се покаже добро и во иднина ќе продолжиме така, рече проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот„Св Климент Охридски“ од Битола.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, континуираната соработка со бизнис секторот од градот и државата ја ефектуира со обезбедување стипендии за студентите кои студираат на УКЛО. Во новата академска година очекуваат да запишат од 1500 до 2000 студенти.

-Тоа е валоризација на школскиот систем. Го признаваме и тоа е добро. Матурата е добар чин и тој треба да продолжи така. Од оваа година средношколците нема да можат да се запишат без положена матура, односно други завршни испити, тоа е еден од селекторите на успехот. Ќе ни биде тешко ама еднаш треба да се почне, рече проф. д-р Коруновски.

Извор: Тера ТВ

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Mobile Sliding Menu