Јавен повик за надомест на трошоци за објавени трудови

In Конкурси
Loading...

1. ММОНинистерството за образование и наука објавува јавен повик за прибирање на барања за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus од наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите).

2. Авторите кои платиле средства за објавување на труд во списание индексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до Министерството за образование и наука најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.

3. Потребни документи за барање на средства платени за објавување на научни трудови се:

– Пополнетo барање,

– копија од објавениот труд од домашен автор во списанија реферирани во базите Web of Science илиScopus;

– копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;

– уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите

– потврда за избор во наставно, соработничко или научно звање.

– копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност.

– изјава на авторите на трудот за процентуална распределба на средствата платени за објавување на трудоти

Изјава за користење лични податоци

Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

4. Финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

5. Барањето со упатството за потребната пропратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или подолу во објавата).

Документите по основ на известувањето се доставуваат во 3 примероци со назнака „Надомест на средствата платениза објавување на научни трудови“ да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.541000 Скопје

Дополнителни информации за Надомест на средствата платени за објавување на научни трудови можат да се добијат во Министерството за образование и наука

Контакт лице: Александар Петров телефон 02/3140-189 и

email: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и

email: оlga.dukovska@mon.gov.mk, канцеларија 1410

baranje_nadomest_2018.doc

izjava-sredstva-2018.doc

izjava_za_licni_podatoci-надомест-.doc

Извор: МОН

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu