Што се случуваше на покривот на Нотр Дам 4 дена пред да се запали?

In Живот и стил
Loading...
Во четвртокот – само неколку дена пред историската катедрала во Париз, Франција да биде зафатена од огромен пожар – група религиски статуи била отстранета од кровот на зградата за прв пат после еден век, како дел од поправките на куполата на зградата, објави Associated Press.

Извор: Francois Mori/AP Photo

Црквата во Париз, Франција, вчера беше зафатена со огромен пожар. Иако останува нејасно што го предизвикало пожарот, пожарникарите велат дека пожарот е најверојатно поврзан со реновирањето на зградата, според Huffington Post France.

Реконструкцијата е во тек во последните неколку години.

Извор: Francois Mori/AP Photo

Во четвртокот, кран од 100 метри беше искористен за отстранување на 16 бакарни статуи кои претставуваат 12 апостоли и четири евангелисти. Статуите, секоја со височина од 10 метри, беа спуштени на земја, а потоа испратени во југозападна Франција на реставрација.

Проектот за поправка на зградата и реставрација на статуите чини 6 милиони евра (6,8 милиони долари), објави Associated Press. Во понеделникот, куполата се запали, предизвикувајќи пожар низ целата зграда.

Извор: Francois Mori/AP Photo

Пред да биде зафатена од пожар, катедралата беше сред сеопфатни реновирања, кои беа предвидени да чинат 150 милиони евра, објави New York Times.

Според статијата објавена во 2017 година во New York Times, црквата изградена во 12 и 13ти век, почнала да се реновира уште од пред неколку години.

Извор: Francois Mori/AP Photo

Во 2017 година портпаролот Андре Финот за New York Times изјавил дека многу работи треба да се поправат на црквата – статуи, греди, олуци и потпорници кои се составен дел од структурата на зградата.

,,Каменот е уништен низ целата зграда, и колку почесто дува ветер, толку повеќе сите овие мали парчиња продолжуваат да паѓаат”, рече Финот.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu