Што значи Work and Travel USA? Зошто илјадници македонски студенти беа/се дел од истата?

In Живот и стил

Work and Travel e летна студентска програма за сите редовни студенти која овозможува престој и работа во САД за време на летниот распуст.

Целта на Work & Travel програмата е на странските студенти да им се овозможи во текот на летниот распуст, да престојуваат и работат во САД и на тој начин да го усовршат англискиот јазик , подобро да ги запознаат САД и да стекнат нови пријателства. За да обезбедат средства за престој во САД , учесниците на програмата , имаат можност да работат студентски работи од областа на туризмот, угостителство, трговија и други услужни дејности.

Агенциите кои го посредуваат аплицирањето обезбедуваат работни договори со познати работодавци: забавни и национални паркови, хотели, мотели, ресторани, продавници …
 

Студентски Кредит

Aкo имате потреба од почетно финансирање на програмата, агенциите ви посредуваат и во аплицирање на студентски кредити за студентите кои учествуваат во оваа програма.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Да бидете редовен студент
Да сте на возраст од 18 до 28 години
Да имате општо познавање на англискиот јазик
Да сте отворени кон нови искуства и предизвици

ПРОГРАМСКИ ОПЦИИ

ОПЦИЈА 1 – JOB PLACEMENT

Работна понуда во САД обезбедува Спонзор организацијата.
Со програмата е опфатено:

обезбедување работна понуда
обезбедување на понуда за повратна авио карта
здравствено осигурување
Документ ДС-2019
СЕВИС документ (И-901)
информации и формулари за добивање ССН (Social Security Number)
онлине курс по англиски јазик
инструкции за патување до работодавецот
обезбедување поддршка во текот на траењето на програмата (бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и сл).

ОПЦИЈА 2 – SELF PLACEMENT

Работната понуда во САД ја обезбедува учесникот на програмата.
Програмата опфаќа:

проверка на работната понуда обезбедена од учесникот на програмата
обезбедување понуда за повратен авио билет
здравствено осигурување
Документ ДС-2019
СЕВИС документ (И-901)
формулар за добивање социјален број (ССН)
поддршка за време на траењето на програмата (бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и сл)

Напомена: Обезбедената работа мора да биде во согласност со регулативата на Стејт департмент.

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu