Шест трикови за попаметен и побрз мозок

In Здравје

Имате впечаток дека ништо не ви оди од рака? Неможете да се сетите што е тоа што сте требало да го направите, или да кажете? Веќе трет пат во истата недела сте излегле од дома, а сте оставиле вклучена рингла на шпоретот?

Постои начин својот мозок да го доведете во ред и да бидете попаметни, треба само да „тренирате“,а ова се шест трикови како да успеете во тоа:

 

1. Додека се туширате или се бањате држете ги очите затворени. Не си олеснувајте себеси со наоѓањето на шампонот и купката, туку развијте го чувството и малку помачете се.

 

2. Танцувајте!Играјте! Движењата кои ги правите додека танцувате го поттикнуваат малиот мозок да лачи протеини кои му помагаат на невроните да бидат поефикасни од обично.

 

3. Доколку сте десничар, повремено користете ја левата рака за миење заби или некои такви вообичаени, секој дневни работи за кои инаку ја користите десната рака. Доколку сте левичар, тогаш користете ја почесто десната рака. На тој начин се губи чувството на механичка работа во најобичните ситуации.

 

4. Играјте пинг-понг. Тенисот на маса како спорт е доста тежок и подразбира потполна концентрација и око-рака координација. На тој начин се зајакнува социјалната интеракција.

 

5. Одете во шопинг. Шопингот е доста добра активност за мозокот. Освен физичкиот напор, кога сте во шопинг го вежбате и мозокот бидејќи оваа активност подрзбира размислување, комуницирање со луѓето, пресметување..

 

6. Научете некои забавни вештини како што е, на пример, жонглирање. На овој начин некои подрачја на мозокот се активираат, а моторичките активности и просторната ориентација на тој начин се подобруваат.

 

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu