Чучњевите се мајка на сите вежби: Добри се за срцето, ги затегнуваат нозете, спречуваат стареење! (ВИДЕО)

In Живот и стил

Слаби нозе значат слабо срце. Ако сакате секогаш срцето да ви работи како саат, уште од денес почнете да правите чучњеви! Телото старее ако не се одржува, а не поради годините кои го стасуваат.

Во болно тело, нема здрав ум. Да се биде болен е енергетски и финансиски непрофитабилно, затоа што болниот човек не работи на себе, туку за здравствените услуги.

Оној кој одлучил да не вежба, како да одлучил на 45 години да остари и да отиде во пензија.

Срцето е голема пумпа која испраќа крв во нозете и во мозокот. Вените помагаат крвта да се врати во срцето, а брзината на враќање на крвта во срцето зависи од состојбата на мускулите во нозете.

Поради тоа мускулите мора да бидат во добра форма за да може и срцето добро да работи.

Меѓутоа, многу од нас половина од денот го поминуваат во седечка положба, што ја отежнува работата на срцето и се ствараат услови за болести. Најчест проблем дури и кај младите е недостаток на кислород во крвта, како резултат на намалената физичка активност.

Чучњевите се мајка на сите вежби

Слаби нозе значат слабо срце. Затоа се препорачува да се прави оваа едноставна вежба секој ден. Чучњевите ги одржуваат мускулите на нозете и крвните жили во перфектна форма, што допринесува до побрз проток на крв до срцето.

Многу е важно во текот на изведувањето на оваа вежба да издишите и да кажете долго: хаааа. Со тоа издишување би требало секоја негативна енергија да излезе од вашето тело.

Физички здрава личност, првите денови би требало да направи три серии од по 10 сквотови. Кога се чучњевите во прашање не би требало да се претерува. Постепено и полека правете ја оваа вежба, и не го силете своето тело. Полека зголемувајте го бројот на сквотови ако почувствувате дека вашето тело може да го поднесе тоа.

Оваа вежба е неопходна за оние кои многу седат во текот на денот. Исто така, може да се практикува наместо пешачење, пливање, трчање, планинарење…

Кога ќе завршите со вежбата, обидете се да ги ставите нозете во ладна вода во временски интервал од 5 до 10 секунди, а потоа истријте ги со груб и сув пешкир.

Не заборавајте нозете да ги намачкате со крема, млеко за тело или масло, затоа што после вежбање кожата најдобро ги упива сите добротворни материи од кремата за тело.

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu