ХАКАТОН на УГД – Штип

In Конкурси
Loading...

Факултетот за информатика при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Advertisement
по втор пат ќе организира дводневен хакатон во периодот 23-24 март 2018 на тема “Креативни решенија во здравството”. На хакатонот може да се пријавуваат тимови од студенти и средношколци од Република Македонија. Учесниците ќе можат да изработуваат различни апликации кои би покривале различни аспекти од здравството и здравствената заштита, а би биле од корист на различни категории на луѓе, на пример, здравствени работници, болни лица, стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, и сл. Апликацијата може да биде изработена во било која технологија и од било кој тип (веб апликација, мобилна апликација, десктоп апликација, и сл). 

По овој повод е распишан Конкурс на којшто можат да се пријават сите заинтересирани студенти и средношколци со своите тимови кои ќе учествуваат во овој маратон по програмирање. Тимовите може да бројат од 3 до 5 члена. 

Формуларот за пријавување, може да го преземете од следниот линк формулар за регистрација, пополнете го и пратете го на: hakaton[at]ugd[dot]edu[dot]mk 

Краен рок на пријавување: 19.03.2018 година, 20:00 часот.

На крајот, секој тим ќе има можно јавно да ја презентира изработената апликација пред комисија составена од професори на ФИ, УГД и двајца поканети специјалисти од приватниот сектор, која ќе бира најдобри апликации. Сите учесници на хакатонот ќе добијат сертификат за учество.

Награди: Обезбедени се следните парични награди за најдобрите апликации:
• Прва награда за најдобра студентска апликација: 50.000 денари
• Прва награда за најдобра средношколска апликација: 20.000 денари
• Награда за оригинална идеја: 5.000 денари

Повеќе информации за хакатонот, може да најдете на:
• Веб страна: http://fi.ugd.edu.mk/hakaton2018

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu