Француски научници: Кучињата можат да намирисаат потенцијален епилептичен напад

In Истражување и развој
Getty images
Loading...
Француските научници тврдат дека имаат доказ дека кучињата можат да намирисаат епилептичен напад. Тимот на Универзитетот во Рен се надева дека овие сознанија би можеле да предвидат кога луѓето ќе имаат напад.

Претходно се покажало дека кучињата можат да намирисаат болести, како што се рак, Паркинсонова болест, маларија и дијабетес.

  • Епилепсијата е предизвикана од нарушување на електричните сигнали во мозокот, при што се појавуваат напади.
  • Болеста може да биде наследна или да биде предизвикана од мозочен удар или недостаток на кислород во мозокот при раѓање.

Некои луѓе кои страдаат од епилепсија веќе се потпираат врз животните кои предупредуваат дека ќе се случи нападот.

Во најновата студија, објавена во списанието ,,Scientific Reports”, се зборува за пет кучиња кои биле истренирани да можат да ја препознаат миризбата на пот од пациент кој има напад. Потоа им било дадено да изберат од седум други примери од пот земени од други пациенти додека се релаксирале, вежбале или имале напад.

Две од кучињата го пронаоѓале примерокот од потта на човекот кој имал епилептичен напад со точност од 66%, а останатите три биле 100% точни.

Во извештајот се вели: ,,Резултатите се многу јасни и претставуваат прв чекор кон идентификување на мирис специфичен за епилептичните напади.” За тоа би била потребна детална хемиска анализа за да се идентификуваат специфичните соединенија кои се вклучени.

Исто така е непознато како епилептичените напади доведуваат до промена на миризбата.

Д-р Амели Катала, од Универзитетот во Рен, за Би-Би-Си изјави: ,,Потребни се понатамошни истражувања, но можно е промената во електричната активност да доведува до ослободување на некои неврохормони кои на крајот го предизвикаат мирисот.”

Но, истражувачите се надеваат дека на крајот сето ова ќе им помогне на пациентите да го откријат и предвидат нападот, а со тоа и на време да побараат помош или да се сместат на безбедно место пред истиот да се појави.”

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu