Ученици ќе ги брендираат малешевските производи

In Живот и стил
Loading...
Група средношколци од гимназијата „Ацо Русковски” од прва до четврта година, формираа ученичка компанија, која во иднина би можела да ги одведе на меѓународен натпревар во Франција.

Компанијата има за цел брендирање на локални малешевски производи, чаеви и козметички креми, направени од билки. Својата бизнис идеја, тие денес ја презентира пред градоначалникот на општина Берово, кој ја купи и првата акција од компанијата.

-Општината им стои на располагање на овие ученици, за секаков вид поддршка, а воедно ја купи и првата акција од ученичката компанија. Посакуваме оваа идеја која влева голем ентузијаза да им помогне на учениците, да ги остварат своите цели и да ја промовираат општината во меѓународни рамки, истакна градоначалникот Звонко Пекевски.

Според менторот Цветанка Пеовска, компанијата ќе се финансира исклучиво од емисија на акции кои може секој да ги купи и да биде дел од целокупниот проект на младите беровци.

Со оваа идеја беровските средношколци ќе се претстават на натпреварот за најдобар бизнис концепт кој е поддржан од УСАИД, организиран од „Џуниор Ачивмент Македонија“. Натпреварот според предвиденото ќе се одржи на 10 мај годинава во Скопје.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu