Технолог / инженер

In Конкурси
Loading...
Целосен оглас:
Два технолога во производство

Потребни квалификации:
•    Завршен Технолошко-металуршки факултет-Прехранбена насока, контролор на квалитет
•    Релативно работно искуство од минимум 3 години
•    Меѓународна едукација ќе се земе за предност
•    Одлично познавање на Англиски јазик
•    Компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office

Одговорности и задачи:
•    Толкување и примена на соодветни рецептури и методи во оперативните и производните фази
•    Следење, контрола и координирање на технолошкиот процес на производство
•    Континуирано подобрување на продуктивноста, ефикасноста и квалитетот на производот
•    Програмирање и надзор на работниот процес
•    Истражување на моменталните потрошувачки пазари најнови технологии за развој на нови производни концепти
•    Следење на светските трендови, текови и новини во конзервните индустрии за зеленчук и овошје
•    Прием, подготовка и тестирање на примероците од репро-материјалите

Личен профил:
•   Организирана, одговорна, темелна и лојална личност
•    Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
•    Професионален и позитивен однос кон работата
•    Способност и желба за понатамошно стручно усовршување на своите познавања и искуства.

Еден машински инженер во производство

Потребни квалификации:
•    ВСС Машински факултет и ВСС факултет за Електортехника и информациски технологии
•    Најмалку пет години искуство во производствена средина, пожелно практично искуство со опрема за производство
•    Познавање на Англиски јазик
•    компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office

Должности и одговорности:
•    Анализа на опремата за производство која не е во функција во компанијата, давање предлози и решенија за нејзино ставање во употреба согласно потребите
•    Редизајнирање и приспособување на машините во случај на имплементација на нови производи и нови проекти
•    Грижа за функционалноста на производствената опрема во компанијата
•    Грижа за тековното одржување и сервисирање на опремата (заедно со тимот за одржување)
•    Изготвување на план за набавка на резервни делови и водење евиденција на нивна залиха
•    Редовно изготвување на извештаи за менаџментот на компанијата.

Личен профил:
•    Комуникативна и динамична личност, со способност за преземање на иницијативи
•    Способност за донесување одлуки
•    Одговорна, посветена и мотивирана личност
•    Деловен и професионален однос
•    Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
•    Способност за тимско мотивирање
•    Флексибилност
•    Желба за континуиран професионален напредок

Еден машински техничар за одржување

Главни одговорности:
•    Инсталација и модификација на нова опрема и машини
•    Одржување, поправка и подобрување на машинските системи и опремата
•    Одржување и правење промени на постојната опрема
•    Идентификација на причини за проблеми во опремата и тест опремата и извршување на поправки
•    Реализација на брза и квалитетна поправка на опремата
•    Следење на залихата на резервни делови и нивна инсталација
•    Одржување безбедни и чисти услови за работа

Потребни квалификации:
•    Електро/Машински техничар со завршено средно образование
•    Искуство во одржување на индустриска опрема
•    Ефикасно решавање на проблеми
•    Познавање на алатките од MS-Office пакетот
•    Структурален пристап и способност за расудување
•    Способност за работа под притисок
•    Желба за тимска работа
•    Познавање на англиски јазик

Личен профил:
•    Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективноста
•    Организациски способности
•    Динамичност, мотивираност, иницијативност
•    Тимско работење и кооперативност

Вашите лични биографии со напомена за кое работно место се аплицира, доставете ги на следнава е-маил адреса: vrabotuvanje@bonum.com.mk

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu