Студент си испринтал 3D протеза и си ги исправил забите за само 60 долари

In Живот и стил

Студент на Институтот за технологија во Ну Џерси направил свои пластични протези користејќи 3D печатач, 60 долари за материјали и голема доза на генијалност.

Амос Дадли носел протези во средно училиште, но тој не ја носел мобилната протеза доволно долго, така што неговите заби полека се вратиле во првобитната положба.

Тој не сакал да плаќа илјадници долари за нови протези, па решил сам да си ги направи.

Процесот не бил баш лесен. Тој морал да истражува за ортодонтските процедури и да ја предвиди насоката на неговите протези, како неговите заби би се движеле на правилен начин. Но, штом тоа било направено, сѐ што требало да направи е да произведе серија модели од релативно евтина пластика, а потоа и да ги испроба.

Сето тоа се исплатело за Дадли, чија насмевка сега изгледа извонредно.

Еве го процесот низ кој поминал:

Прво земал специјален калап за заби, кој многу прецизно ги оцртал сите детали.

Потоа го ставил калапот наопаку во сад кој го наполнил со течен Пермастон. ,,Кога излезе, едноставно го скршив врвот за да го откријам моделот и користев жилет за да го измазнам околу.

Сега тој имал подобра претстава за тоа што се случува со неговите заби. Конкретно, може да се види дека LI-r (десен латерален пресек) излегува нанапред.

,,Ласерското скенирање беше навистина лесно”, вели тој, иако тој го опишa NextEngine – програмот на кој работел, како ,,ужасен”. Тој, исто така, вели дека креирањето на анимацијата, која ја покажува насоката на движење на забите при носење на протезите, не било премногу тешко.

,,Еве каде почна да станува многу возбудливо”, пишува тој. 3D печатење на моделите.

Ова се ,,чекорите” на печатење на сите 3D модели. ,,Обележувањето на моделите е критично”, вели тој. ,,Тие изгледаат речиси идентично”.

Откако конечните ,,верзии” на протезите излегле од машината, Дадли ги исшмирглал краевите за да не ги иритираат неговите непца.

Но, дали тие функционираат? Еве ја неговата насмевка пред тоа.

И после четири месеци.

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu