Стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување  во Република Хрватска

In Конкурси
Loading...

Конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување  во Република Хрватска за академската 2018/2019 година

1.    Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија,  потребно е да се студенти кои имаат завршено минимум два семестри на катедрата за хрватски јазик и литература, студенти на катедрата за хрватски јазик, и литература, кои работат на нивните дипломски тези, или студенти запишани на втор циклус на студии  

2.    До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да се магистри или доктори на науки од сите научни области.

3.    Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да бидат студенти по славистика, односно по хрватски јазик и литература, асистенти и професори од катедрата за хрватски јазик и литература или од други научни установи, кои го истражуваат хрватскоит јазик и литература, како и преведувачи и лектори.

Потребна документација за пријавување:
   
За точка број 1  потребни се следните документи:

1.    Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV, (Во Европски формат); http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5.    Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии,  (копија од BA/BSc програми);

6.    Мотивациско посмо;

7.    Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;

8.    Потврда за редовен студент;

9.    Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

 
За точка број 2  потребни се следните документи:

1.    Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец,  потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за   пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV, (Во Европски формат); http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5.    Листа на публикации;

6.    Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен  соодветен документ од партнерот;

7.    Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;

8.    Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на друг  јазик. (Да е приложено во писмото за покана);

9.    Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;

10.    Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;

11.    Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 3  потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да  биде доставен и во електронска форма) на  http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2. Фотографија од лична карта поставена на образецот за   пријавување;

3. Фотокопија од пасош;

4. CV, (Во Европски формат)     http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5. Потврда за редовен студент издадена од матичната институција(за студенти) и копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;

6. Мотивациско писмо;

7. Писмо за препорака;

8. Доказ за владеење на хрватски јазик (минимум А2)

Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување „Службен весник на Република Македонија“, бр. 34/1997.

Согласно овој Договор, на прифатените кандидати им се препорачува да обезбедат документ, кој во случај на болест ќе им овозможи здравствена заштита во Република Хрватска.

Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во три примероци во хартиена форма, заедно со потребната документација.

Наведените документи потребно е во три примероци да се достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 02 март, 2018 година.

Подетални информации за наведениот Конкурсможете да најдете на следниов линк: https://mzo.hr/en/scholarships-republic-croatia-call-applications-20182019 и http://www.mobilnost.hr/en/content/bilateral-programmes-of-mobility-in-higher-education/#eng-bil. и во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска. biljana.vasileska@mon.gov.mk.

 

Извор: www.mon.gov.mk

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu