Северна Кореја: Туристите го преплавија маратонот во Пјонгјанг

In Живот и стил
Loading...

Во споредба со минатата година, оваа година двојно повеќе туристи учествуваа на маратонот кој се одржа во саботата во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг – изјавија туристичките агенци.  

Околу 950 туристи од западните земји се пријавиле за овогодишната трка, додека бројот на туристи пријавени претходната година изнесувал 450. Политичките тензии се намалија во последниве неколку месеци, што доведе до зголемување на бројот на туристи. Американската патна забрана за Северна Кореја сè уште постои, по смртта на еден студент во 2017 година.

Зошто посетителите би сакале да учествуваат на маратонот во Северна Кореја?

Маратонот е дел од прославата на раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

Туристите трчаат низ строго контролираниот главен град, а Севернокореанците ги бодрат стоејќи на страна од улиците. Настанот најчесто привлекува туристи кои учествуваат во  различни трки низ целиот светот.

Јасмин Барет, Aвстралијанка која по третпат учествува на овој маратон, рече дека се враќа ,,само за да ги види насмевките на лицата на децата”.

,,Јас дефинитивно би го препорачалa овој маратон на другите затоа што тоа е одличен начин да се види градот и луѓето кои живеат таму”, изјави таа за новинската агенција АФП.

Поради забраната за патување во Северна Кореја, на овој маратон немаше американски тркачи. Причинта за забраната е смртта на 22-годишниот американски студент Ото Вамбер, пред две години. Властите на Пјонгјанг го вратија 22-годишното момче назад во САД во коматозна состојба, а после неколку дена тој почина.

Колин Крокс, британскиот амбасадор во Северна Кореја, беше еден од учесниците во трката. Тој објави твит во кој ја сподели одличната атмосфера на маратoнот.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu