РОБОМАК 2019 на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ

In Високо образование
Loading...
Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, на вториот ден на
Advertisement
меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција Робомак 2019 година, организираше средба со најмладите – децата од основните училишта. Средбата се одржа со поддршка на Young Engineers Skopje Macedonia (STEM education provider in Macedonia) во просториите на Факултетот, каде децата имаа можност да видат вистински роботи и слушнаа за
таинствениот свет на нивното функционирање, имаа можност да слушнат за тоа што е вештачка интелигенција, како се движат и како размислуваат машините.

Проф. д-р Миле Станковски

Предавањето го спроведе стручен кадар на ФЕИТ а на настанот присустуваа деца од неколку основни училишта и нивните родители.

Според Сашка Теодосиевски од Young Engineers, пред нас е времето во кое луѓето ќе се натпреверуваат со роботи и машини.

„За да го надминеме овој предизвик и да не бидеме заменети со автоматизирани процеси, треба на децата уште од најрана возраст да има оозможиме да се стекнат со вештини и способности неопходни за животот на 21 век, да станат висококвалификувани, паметни и креативни генијалци. Нашиот фокус е насочен кон креирање мотивирани млади луѓе во Македонија, овозможувајќи им да уживаат во учењето и да сакаат да креираат, љубопитни, истражувачи, креативни, дизајнерски мислители и иноватори кои ќе ја изградат нивната и нашата иднина. Нашиот слоган вели: тие ќе го изградат своето и нашето утре – денес, бидејќи веруваме во иднината на инжеенрството, науката и на начинот на кој овие полиња ќе го променат светот кон подобро“, објаснува Теодосиевски.


Исто така, денеска, околу 60-тина ученици од основното училиште „Димитар Миладинов“ беа во посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии и се запознаа со роботиката и машините со вештачка интелигенција. Со децата се дружеше деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски кој ги прошета по лабораториите на Факултетот и просториите каде што се одржува Робомак 2019.

Превземено – ФЕИТ.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu