Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

In Високо образование

Независниот академски синдикат (НАкС)

Advertisement
денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на вработените во високото образование, како што од нив побарал министерот за образование и наука на состанок, со цел новоформираниот синдикат да потпише колективен договор со што ќе се овозможи вработените на државните универзитети да добијат 10 проценти повисоки плати од јануари.

Вработените се повикани од ректорите да формираат и да се зачленат во репрезентативен синдикат што ќе склучи колективен договор во кој покачувањето на платите за десет отсто е единствена точка. Рокот за основање е четири дена, а веќе се пратени и пристапници за доброволно зачленување и е одредена членарина од 50 денари која ќе ја собира физичко лице на сопствена сметка што потоа ќе му ги префрли на идниот синдикат.

Според НАкС, на овој начин УКИМ-Скопје, УКЛО-Битола и другите јавни универзитети како работодавци прават упад и дезавуирање на синдикалното организирање во високото образование, а ректорите постапуваат противуставно. Членови на Независниот академски синдикат денеска на прес-конференција соопштија дека тие веќе имаат предлог-колективен договор од 45 страници што му го доставиле на министерот и кој не се однесува само на платите, туку ги опфаќа сите аспекти на работењето на академскиот кадар нудејќи системски решенија.

Професорката Мирјана Најчевска  рече дека дописот на ректорите и нивното повикување од страна на министерот е прекршување на член 195 од Законот за работни односи, според кој работодавецот (во овој случај универзитетите) не смее да се меша во синдикалното здружение и во работата на синдикатот. Според неа, повикот да се формира нов синдикат е затоа што постојниот покажал, како што рече, заби и знаење и истапил со барања кои не се пријатни за власта и таа не сака да одговори на нив.

-Ова е обид да се формира синдикат кој во иднина ќе биде искористен од политичките партии и предмет на нивно пазарење за време на избори. Ова е отворена закана што се базира на измама. Заканата е дека нема да се покачат платите за 10 проценти, и покрај тоа што тоа е предвидено со буџетот. Измамата се состои во тоа што се тврди дека тоа не може да се направи без да се потпише колективен договор со репрезентативен синдикат, истакна Најчевска. Доадде дека постои едноставен начин да се исплатат 10-те проценти со тоа што МОН ќе им  ги даде средствата за минат труд што не ги исплаќа, а кои соодветствуваат на овој износ.

На прес-конференцијата незадоволството од овој, како што го нарекоа едностран чин од позиција на моќ, искажаа и други претставници на НАкС, кој има меѓу 250 и 300 членови.

Според Горан Јанев, срамно е на ваков начин се урниса идејата за синдикално здружување, нагласувајќи дека имаат уште многу нерегулирани прашања во високото образование.

– Притоа да не ја спомнуваме цената од 10 отсто кои се мизерни,  веројатно околу 3.000 денари во просек, Зголемувањето ни приближно не би не порамнило со другите сектори во општеството. Ние остануваме околу просечната плата. Таквиот однос покажува дека не постои елементарна свесност дека високото образование е единствен сектор што може да повлече едно општество напред, рече Јанев.

Во врска со најавата за формирање нов универзитетски синдикат за вработените во високото образование, прес-конференција за утре најави и Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК.

извор: МИА

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Mobile Sliding Menu