Пцуењето, останувањето до доцна навечер и неуредноста се знаци на висока интелигенција

In Истражување и развој
Извор: Alex Wong/Getty
Loading...

 

Научниците открија дека останувањето доцна навечер е карактеристика на интелигентните луѓе. Тие исто така открија дека пцуењето и нивото на уредност и педантност се добар показател за нивото на интелигенција.

Ноќни птици

Останувањето до доцна навечер е еден атрибут на паметните луѓе како Обама, Винстон Черчил и Марсел Пруст. Студијата објавена во Psychology Today откри дека интелигентните деца, стануваат ,,ноќни птици” кога ќе пораснат. Друга студија откри дека, иако децата ранобудници се подобри на училиште, сепак оние кои не биле ранобудници како деца имале тенденција да бидат поуспешни во подоцнежниот живот.

Сиромашен речник

Идејата дека пцуењето е знак за ограничен речник или ниска интелигенција, беше поништена од страна на нова студија објавена во Language Sciences која има за цел да го демантира верувањето за ,,богатиот речник”. Всушност, студијата открила дека причината поради која некои луѓе пцујат повеќе од другите не е затоа што не можат да смислат друг збор. Низа на емоционални тестови и тестови за вокабулар утврдиле дека “флуентноста е флуентност”, а оние кои ги делеле емоционалните карактеристики на интелигентните луѓе, исто така, биле најслободни.

Инспиративен хаос

Лошиот ракопис е добро позната карактеристика на ителигентните луѓе, како на пример Алберт Ајнштајн. Сега паметните луѓе можат да го обвинат својот бистар ум за хаосот и нередот кој владее на нивните работни маси. Една студија направена од страна на Универзитетот во Минесота откри дека недостатокот на желбата да се чисти е знак дека мозокот на човекот е сконцентриран на други работи. Исто така, според оваа студија, неуредната околина е подобра за нечија креативност отколку уредната, која се смета дека ги спречува луѓето креативно да размислуваат.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu