Професор Сарид Ронит од Израел со предавање на Биотехничкиот факултет во Битола

In Високо образование, Образование

Во рамките на програмата на Европската Комисија – Еразмус, во просториите на Факултетот за биотехнички науки

Advertisement
– Битола, предавање одржа проф. д-р Сарид Ронит, од Факултетот за природни науки при Универзитетот Бар Илан од Израел.

Денешното мое предавање е на тема Вирусни болести кои потекнуваат од храната една тема која е навистина интересна и се повеќе зазема свое место во делот на производството на безбедна храна во светот  – изјави проф. д-р Сарид Ронит.

 “Ни престставува особена чест и задоволство што денес на нашиот факултет гостин ни беше професорката Сарид, која е еден од водечките светски стручњаци во делот на вирусните заболувања особено во делот на испитувањето на Herpes вирусите. Покрај одржаното предавање, во овие денови ќе воспоставиме и поблиска соработка со Факултетот за природни науки и секако Универзитетот Бар Илан од Израел, со што ќе им овозможиме на дел од нашите студенти како и на академскиот кадар да го посетат овој реномиран Универзитет, и не само да го посетат туку и да се стекнат со непроценливо искуство од работата и престојот тамуЗа да се овозможи ова УКЛО има склучено Договор за соработка со Универзитетот Бар Илан и зато треба максимално да ги искористиме потенцијалите кои ги нуди овој Договор.” – истакна проф. д-р Љупче Кочоски, декан на Факултетот за биотехнички науки – Битола.
На предавањата беа присутни студентите на Факултетот за биотехнички науки, но и академскиот кадар од овој факултет.

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Mobile Sliding Menu