Денес беше промовирана песната и спотот на Eye Cue, нашите претставници на овогодинешната Евровизија.
Lost and Found е песната која ќе нè претставува на годинешниот избор за најдобра песна на Евровизија.
Музиката и текстот за песната ги напиша
фронтменот на Eye Cue, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно т.н. one shot спот.
Да го видиме конечниот музичкиот производ од Македонија кој ќе нè претставува оваа година во мај на Евросонгот 2018, којшто ќе се одржи во Лисабон: