Програма за поддршка на иновативни студентски идеи

In Конкурси, Проекти

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за поддршка на 60-годишнината на ФЕИТ преку демонстрација на иновативниот капацитет на студентите.

Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.

Повеќе детали за програмата може да се најдат на: http://inno.feit.ukim.edu.mk/?page_id=385

Сите заинтересирани може да присуствуваат на отворените денови на програмата INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите, очекувањата и самиот тек на натпреварот.

You may also read!

Странците во Германија се помалку платени од Германците

Иако имаат исти квалификации и работат иста работа, странците во Германија по правило имаат помала плата од Германците, а

Read More...

Стипендии за студирање во Франција

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат. Стипендијата ги покрива

Read More...

Kонкурс за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи

Амбасадата на Кралство Шпанија во Скопје информира дека Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објави конкурс

Read More...

Mobile Sliding Menu