Пријави се за платена пракса – ЕРАЗМУС

In Конкурси
Loading...

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.

Времетраење на мобилноста за студенти: минимум 2 – максимум 3 месеци во термин

јуни- септември 2019 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ:

 

  • Право на пријавување имаат редовни студенти со најмалку завршена прва година на студии. Апликации на апсолвенти и дипломирани студенти нема да бидат разгледувани.
  • Основен предуслов за реализирање Еразмус+ студентска пракса/стажирање е праксата да е предвидена како дел од студиската програма на соодветниот факултет.

 

  • Кандидатите можат да реализираат куса Еразмус+ студентска пракса во јавна или приватна организација, институција, компанија или претпријатие од Еразмус+ програмските држави.
  • Еразмус+ студентската пракса не може да се реализира на универзитети, во дипломатски претставништва, институции и специјализирани агенции на Европската комисија.
  • За изборот на институција или компанија, студентот може да ја користи интернет-страницата: www.erasmusintern.org или други ЕУ интернет-страници за Еразмус+ пракса.
  • Студентот самостојно ја контактира избраната институција со цел договарање на условите и одобрување на активностите и периодот на стажирање. Студентот до работодавачот (институцијата-домаќин) го доставува формуларот Писмо за покана (Invitation Letter) кое институцијата-домаќин го пополнува и враќа до студентот. УКИМ не посредува во комуникацијата помеѓу студентот и работодавачот (институцијата-домаќин).
  • Студентот самостојно ја организира постапката за добивање виза, како и трошоците за патување и сместување.
  • Студентот е должен да обезбеди соодветно здравствено осигурување.
  • Праксата/стажирањето мора да заврши пред почетокот на зимскиот семестар од учебната 2019/2020 година.

ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

Висината на стипендијата за студентска пракса/стажирање изнесува 570-620 ЕУР месечно, согласно земјата на престој (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на соодветниот факултет:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за пракса/стажирање (Learning Agreement for Traineeships) во кој се утврдува програмата за стажирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, Еразмус+ координаторот  на матичниот факултет и одговорното лице кое го претставува работодавачот (институцијата-домаќин);
    • пополнетo Писмо за покана за реализирање студентска пракса/стажирање (Invitation Letter) од страна на институцијата-домаќин кое студентот самостојно го обезбедува;
    • уверение за положени испити на македонски јазик;
    • најмалку една препорака (на англиски јазик);
    • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој ќе се спроведува праксата/стажирањето издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
    • уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);

 

 

 

ПО ЗАВРШЕНА МОБИЛНОСТ:

  • На крајот од мобилноста студентот до Одделението за меѓународна соработка во оригинал доставува Завршен извештај (Final Report) уредно потпишан и заверен од страна на студентот и работодавачот;

 

  • Уредно пополнета и заверена Потврда за пристигнување/заминување (Confirmation of Arrival/Departure).

 

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува праксата/стажирањето, мотивација.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 31 март 2019 година, во три примерока: еден примерок до Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок до Ректоратот на УКИМ и еден примерок задржува студентот.

(Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Листата на рангирани апликации факултетите ја доставуваат до Ректоратот најдоцна до

10 април 2019 година.

   

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

 

превземено: ukim.edu.mk

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu