Прво место во применета математика за Јована Танчевска – ученик од Битола

In Живот и стил, Основно образование
Loading...
Применетата математика е гранка од математиката која се занимава со математички методи кои наоѓаат примена во науката, инженерството, бизнисот, информатиката и индустријата. Така применетата математика е комбинација од математичка наука и знаења од специфични области. Терминот ,,применета математика,, исто така опишува професионална специјалност во која математичари работат практични проблеми преку формулирање и проучување со помош на математички модели. Активностите во применетата математика се тесно поврзани со истражувањата во чистата математика.

На 56 – от Регионален натпревар на младите техничари и природници, област “Применета математика”, по предлог на наставникот по математика Лидија Шунда Шокларовска од ОУ„Св. Климент Охридски“ – Битола, свое учество пријавила и ученичката Јована Танчевска.

“Низ непосредниот разговор наставник – ученик, покажува дека родителот на ученичката работи во фабриката „Кромберг и Шуберт“на изработка на кабелски сноп. Понатаму се беше лесно. Директорката на училиштето на 15.02.2019 потпишува Меморандум за соработка на нашето училиште и фабриката од нашето опкружување. На 12. 03.2019 г. не контактира дипл. инж. Влатко Цековски, кој ни кажува дека може наставничката и ученичката да ја посетат фабриката и да се договориме околу избор на тема и понудени податоци со кои ќе може да изработиме домашен труд. Посетата ја реализиравме на 13.03.2019, каде имавме конструктивни разговори со одговорни менаџери  и посета во самото производство со што ги потврди нашите знаења за применливоста на математиката во изработката на кабелските снопови во автомобилската индустрија.” – изјави Шундовска.

Меѓусебната соработка –  инжинери, наставник и ученик вродила со плод, се изработи домашен труд и макета, според сите понудени пропозиции на темата: Примена на математиката во изработка на кабелски сноп во фабриката  „Кромберг и Шуберт“.

На 29.03.2019 г.на 56 – от Регионален натпревар на младите техничари и природници, кој се одржа во ОУ„д-р Трифун Пановски“ Битола, ученичката Јована Танчевска го освои првото место, со што се обезбеди учество на Државен натпревар. На 06.04.2019г во Македонска Каменица на Државниот натпревар за Применета математика, ученичката Јована Танчевска од Оу„Св. Климент Охридски“ Битола го освои првото место.

Јасмина Танчевска – ученик

“Математичките формули и пресметки се применуваат и искористуваат како во нашето секојдневие, така и во планирањето и текот на производството. Благодарение на нив, се креира и добива јасен приказ на секаков вид на производствени планови како и потребата на ресурси. Со нивна примена и интеграција во текот на работата, доаѓаме до точна синхронизираност на времето на испорака до клиентот. Многу математички истражувања и решенија потекнуваат од проблеми во реалниот свет. Со цел подобар и поудобен живот, реалниот свет има свои барања, односно креира проблеми. Решавајќи ги нив, или произлегуваат други проблеми, или добиените решенија треба да се подобрат и надградат, или се креираат нови проблеми за уште подобар и поудобен живот, и така се во круг. Науките и индустриите треба да понудат решенија за тие проблеми и ете ја потребата од математиката.И можеби математиката не е цел сама по себе. Таа е „маша за буричкање во огнот“ разгорен од многу науки и индустрии. А замислете да немате маша. Или ќе треба огнот да угасне или да буричкате со голи раце.” – истакна професорката Шундовска.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu