Повик за ученици од втора и трета година за учество на воен камп за млади во Црна Гора

In Конкурси
Loading...

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува јавен повик за учество на пет (5) ученици од јавни средни училишта од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади (во понатамошниот текст како камп), кој во периодот од 23.06-08.07 2019 година ќе се одржи во Црна Гора.

На кампот ќе учествуваат и 40 средношколци од Црна Гора за што Министерството за одбрана на Црна Гора веќе има објавено јавен повик. Целта на проектот е средношколците да ги тестираат своите вештини како војници, преку активности и дружење развиваат чувство за солидарност и пријателство, се стекнат со знаења за улогата и значењето на Армиите во општеството и на тој начин се зајакне интересот за воената професија.

Програмата предвидува секојдневна обука во разни воени и други вештини: медицинска обука, натпреварување во топографија и ориентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење – рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже. Покрај тоа, за учесниците во кампот се подготвени бројни спортско – рекреативни и културно -забавни активности.

Во врска со општите услови повеќе прочитајте на следниот линк:

http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2764-e-2019

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu