Писмо од Чехов: Ова се 9 особини на културните луѓе во време на безобразие, непочитување и суета!

In Живот и стил
Loading...

,,Животот има свои услови. За да биде човек прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен”, во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов му порачува на својот брат, составувајќи список од услови кои ги исполнуваат културните луѓе:

  1. Тие ја почитуваат личноста на човекот и затоа се љубезни, внимателни, учтиви и спремни да им помогнат на другите.
  2. Сочувствителни се кон сите, не само кон просјаците и мачките. Се грижат и за она кое не се гледа, и спремни се да се жртвуваат за другите.
  3. Ја почитуваат туѓата сопственост, и затоа ги враќаат своите долгови.
  4. Искрени се и презираат лага. Не лажат дури и кога се мали нешта во прашање. Лагата го навредува слушателот и го уништува во очите на говорникот. Не позираат, исто се однесуваат и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите поскромни пријатели. Не се склони кон дрдорење ниту пак ги оптеретуваат другите со своите досадни исповести. Од почит кон туѓите уши, повеќе молчат отколку што зборуваат.
  5. Не се понижуваат себеси, за да ги сожалуваат другите. Не играат на картата ‘туѓа чувствителност’само за да привлечат внимание. Не кажуваат ,,Мене никој не ме разбира” или ,,На никој не му е грижа за мене”, затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.
  6. Не се грижат за лажни вредности, познанства со познати личности или за тоа самите тие да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од тоа како да е најважната работа на светот, и не се фалат со тоа дека имаат пристап до нешто што другите немаат. Луѓето кои се навистина талентирани секогаш се тргаат на страна од гужвата и рекламирањето.
  7. Ако имаат некоја дарба, ја почитуваат. Поради неа жртвуваат одмор, романса, забава, суета. Се гордеат со својата дарба, но и многу и се посветени.
  8. Имаат развиено чувство за убавина и естетика. Не одат на спиење во облеката која ја носеле цел ден, ја одржуваат чистотата на просторот во кој живеат.
  9. Внимателно водат сметка да ги контролираат своите нагони и спротивниот пол да не го гледаат само како сексуален објект. Тежнеат кон оригиналност, отменост, човечност, се восхитуваат на мајчинските чувства. Не се опиваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики, затоа што не се сметаат себеси за свињи. Се држат кон принципот – во здраво тело здрав дух.

 Така изгледаат културните луѓе. За човек да биде културен не е доволно да чита популарни романи и да оди во театар, тој мора постојано да работи на себе, да чита, учи, да се труди…и веднаш да ја исфрли суетата, затоа што секој поминат час е важен”, го завршува своето писмо Чехов.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu