Пет уметнички занимања од кои одлично се заработува

In Живот и стил
Loading...

Генерално уметничите професии важат за такви кои не носат многу пари, а во уметноста се луѓе кои премногу ја сакаат својата работа, па не им е важно дали приходите од својата професија ке им донесе луксузен живот или не.

Меѓутоа, некои уметници изнајдоа начини својата професија да ја поврзат со современите технологии, што им овозможи да го работат она што го сакаат и одлично да заработуваат.

Видео – монтажери

Видео монтажерите добиваат се повеќе на значење и веќе се “заканa”  дека го превземаат приматот над фотографиите. Исто така, анимацијата станува се повеќе популарна, како и програмите за манипулација и средувањето на видео материјалите. Генерално, проверете го вашиот news feed на социјалните мрежи  и од прва рака ќе се уверите во тоа. Како што побарувачката на пазарот за видео монтажери се зголемува, расте и потребата и за познавачите на работата  во Premiere, After Effect и слични програми.

Заради тоа, оние кои сакаат да се занимаваат со монтажа на видеа нема да имаат проблем со нивен ангажман, бидејќи монтажерите се барани во: телевизиски куќи, онлајн портали, маркетинг сектори, различни кампањи, во музичка и филмска индустрија. Согласно вредноста на проектите во кои се вклучени, заработката на видео монтажерите варира од неколку стотици до неколку илјади евра, поради што љубителите во снимање и обработка на видеа работат посветени со сета своја страст.

Автори на рекламни текстови (Copywriters)

Можеби некогаш пишувањето беше етикетирано како вештина која е слабо платена, но, денешниот пазар се повеќе ги ценат индивидуите кои поседуваат книжевен талент. Овие автори се едни од најбараните стручњаци чиј ангажман е неопходен за правење  интернет страници, изработка на каталози, промотивен материјал, сценарија за реклами, емисии и многу повеќе. 

Дизајнери за ентериер

Дизајнирањето на ентериер е една од најкретивните и најинтересните професи, а воедно и одлично платена. Стручњаците во креирање и уредување на просторот задолжени се за осмислување на дизајнот како на јавните простории така и на приватните објекти.

Обично ги ангажираат добростоечки клиенти, а поради специфичноста на својот занает и долготрајноста на услугата која ја нудат, дизајнерите на ентериер работат на помал број проекти, но за цени кои им обезбедуваат повеќе од пристоен живот.

Графички дизајнери

Стручњаците за графички дизајн се неопходни во секоја фирма, без оглед дали се мали, средни или големи. Покрај креативноста, овие експерти ги користат Photoshop, InDesign, Illustrator и други програми за креирање и обработка на фотографија. 
Од изработка на логоа, визит карти, дизајнирање на промотивни летоци, постери, каталози, до правење фотографии за објавување на социјалните мрежи, креирање на билборди и градење на комплетен визуелен идентитет на еден  бренд – не е ни чудо што денес графичките инженери се едни од најбараните на денешниот пазар, а воедно и на врвот во наплата на своите услуги.

Медиумски и уметнички продуценти

Продуцентите претставуваат мултимедијални уметници кои во потполност го следат еден проект од самиот почеток па се до крајот на неговата реализација.

Со оглед на тоа што се одговорни за производство и дистрибуција на мултимедијални содржини, со оваа продукција се занимаваат оние кои претходно се стекнале со практично знаење на некои од ценетите уметнички центри. Со одговроноста и стручноста која ја имаат на своето работно место, продуцентите заслужено заработуваат високи суми запроектите на кои се ангажирани. 
Претходно споменатите занимања секако дека го разбиваат митот дека уметниците слабо заработуваат. Доколку и самите поседувате талент за уметност, пронајдете алатки кпи на најдобар начин ќе ја оплеменат вашата страст и ќе ја претворат во одлично средство за заработка.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu