Некои научни факти за органското пчеларство

In Живот и стил
Loading...
Целта на органското производство на мед и други пчелни производи не е во количината, туку во нивната здравствена исправност .

Имено, се тежнее за производство на здравствено- безбедна храна без присуство на резидуи. Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на здравствената исправност постојат значителни и многу важни разлики.

Фото: Edukacija.rs

Органскиот начин на пчеларење инсистира на минимална интервенција на пчеларите и во прв ред ги има пчелните семејства и нивната витална улога во многу екосистеми.

Како еден од предусловите за пристап на органското пчеларство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животна средина, нивната виталност и отпорност према болести.

Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа случајот во нашта земја Apis mellifera macedonica.

Посебно внимание се посветува на доброто на пчелите што подразбира забрана за уништување на пчелите во саќето како метод за собирање на медот, практиките како сечење односно одрежување на крилата на матицата и уништување на машкото потомство не се дозволени, освен во случај на сопирање на некоја болест предизвикани од Varroa destructor ( крлеж). Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината со медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите трба да одговараат на условите на органското производство што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мораат да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување.

Фото: Edukacija.rs

Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред почетокот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правилата на органското земјоделство односно исклучиво органски шеќер може да се користи во овие ситуации, Превенцијата од болести во органското пчеларското производство се заснива на селекцијата на резистентни раси и видови, вклучувајќи и постапки со кои се зголемува отпорноста према болести, како што се на пр: редовна замена на матици, систематска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu