Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

In Живот и стил

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“,

Advertisement
со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти.

Преку оваа мерка, според најавите од официјални лица, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.

За да добијат поврат на парите, граѓаните со телефонска апликација ќе треба да ги скенираат баркодовите на фискалните сметки што ги добиваат при купување или користење на некоја услуга.

Апликацијата ќе може да ја користи секое лице над 15-годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка, кое е регистрирано во системот на Управата за јавни приходи. Ќе важи само за граѓаните и за фискалните сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди.

Апликацијата „Мој ДДВ“ дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на баркодот системот на Управата за јавни приходи ги вчитува сите податоци од фискалната сметка, а незаконските компјутерски сметки системот нема да ги препознае. На овој начин граѓаните ќе знаат дека тој што им издал ваква сметка им го скратил правото да им бидат вратени пари како заштеда, еднакво како и даночните обврзници што не издаваат фискални сметки.

ЛИНК за симнување на апликацијата: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.akcent.vatreturn

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Mobile Sliding Menu