Одлична можност за младите истражувачи

In Конкурси

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат на учество на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи.

Какви истражувачки проекти треба да се подготват?

Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.

Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци.

Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.

Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група.

Награди

Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 2.500.000 (два милиони и петстотини илјади) денари.

Ќе бидат доделени награди во две категории:

• Категорија 1: Истражувачки проекти во основното образование
• Категорија 2: Истражувачки проекти во средното образование

Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000 (триста илјади) денари.

Средствата ќе бидат исплатени авансно, во две рати и тоа, првата рата во износ од половина од вкупниот буџет на проектот ќе биде исплатена по потпишување на Договорот за доделување на награда, втората рата ќе биде исплатена согласно динамиката на трошење на средствата откако ќе бидат потрошени минимум 80% од првата исплата.

На сите претселектирани учеснички и учесници, од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија ќе им бидат доделени сертификати за учество.

Наставниците и наставничките кои ќе ги предводат првонаградените тимови во двете категории за успешно спроведениот проект ќе добијат и награда во максимален износ од 30.000 ден по наставник/наставничка за покривање на трошоци за стручно усовршување на обука/семинар/конференција по сопствен избор. Средствата од наградата може да се искористат во рок од 1 (една) година од нивното примање и ќе бидат префлени на наменската сметка на проектот.

Опремата набавена со средствата доделени преку наградите ќе остане во сопственост на училиштата добитници на наградите.

Фондот го задржува правото да не ги додели сите награди доколу нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата.

Кој може да аплицира?

Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди.

Натпреварувачот треба да биде основно или средно училиште кое е:

– основано согласно Законот за основното образование односно Законот за средно образование
– запишано во Централниот регистар на Република Северна Македонија и
– поседува Решение за верификација донесено од Министерството за образование и наука

Секој натпреварувач треба да се пријави со натпреварувачки тим кој се состои од:

– 1-2 (еден/на до два/е) наставника/чки – лидер/ки на проектот
– 3-7 (три до седум) ученици/чки

Преку овој повик, Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука сакаат да потенцираат дека секое дете има способности да се вклучи во процес на истражувачки активности. За да ги поттикнеме членовите на нашата заедница да размислуваат во насока на негување и примена на овие способности охрабруваме проекти кои:

– Имаат интердисциплинарен карактер
– Предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично)
– Се поднесени од училишта од рурални средини.

Активности и трошоци за проектот

Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување.

Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.

Трошоци подобни за финансирање се:

  • набавка и/или изнајмување на опрема за истражување и развој (лабораториска опрема, дигитална опрема и слично);
  • набавка на потрошни материјали за истражување и развој (вклучувајќи и канцелариски материјал);
  • патни трошоци наменети за спроведување на истражувачките активности (доколку е применливо)

Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот се подобни за финансирање.

Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор пред потпишување на Договорот за доделување на награда.

Начин на пријавување

За да се пријави на Предизвикот за млади научници секој натпреварувач треба да:

  • Поднесе пополнет, потпишан и печатиран образец за Проектна апликација со Буџет на проектот
  • Поднесе кратки биографии на наставникот/чката/ците – лидери на проектот
  • Поднесе Тековна состојба од Централниот регистар не постара од 6 месеци.

Бараните документи кои Ви се потребни за аплицирање се достапни на нашиот сајт на копчето ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТАЦИЈА и треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат. Подготвените апликации се испраќаат преку копчето АПЛИЦИРАЈ.

Рок за пријавување

Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 31.03.2019 година заклучно со 23:59 часот.

За доделување награди ќе бидат земени предвид само оние предлог – проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.

За сите дополнителни информации можете:

  • да ја посетите во канцеларијата на Фондот во Скопје адреса ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
  • да пишете на електронската адреса: predizvikzamladi@fitr.mk
  • да се јавите на телефонскиот број 389 (0) 23145258

Превземено од: www.fitr.mk

 

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu