Одличен настап на меѓународен натпревар на студенти од правниот факултет при УКИМ

In Високо образование
Извонреден настап на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ на студентскиот натпревар
Advertisement
по меѓународно право Moot Court Competition Phillipe Jessup во Вашингтон – освоено 56-то место од вкупно 730 екипи.

На финални рунди во Вашингтон (31.03-7.04.2019) во екипата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ учествуваа: Ванѓел ЃеорѓиевЕниса РамиКристијан Милошевиќ и Филип Јовиќ, подготвувани од проф. д-р. Сашо Георгиевски и асс. м-р. Љупчо Стојковски.

Moot Court Competition Phillip C. Jessup е најстариот, најголемиот и најпрестижниот светски натпревар на студентите од областа на правото кој оваа година славеше 60-годишен јубилеј со учество на рекордни 730 студентски екипи од скоро сите земји во светот.

Со оствареното 56-то месото, екипата на Правниот факултет беше најдобро пласирана од оние во регонот (со исклучок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Софија (54)), наоѓајќи се некаде помеѓу екипите од универзитетите од Кембриџ (47), Кејс-Вестерн – САД (48), Хамбург (53), или, Преторија (55) и оние од Универзитетите Аристотели од Солун (62), Џорџ Вашингтон (66), Мадрид (73), Хелсинки (70), Токио (81), Торонто (85), или Францускиот Пантеон Пари II (105).

На пред-финалните пријателски натпревари Philip C. Jessup European – Friendlies во март во Лисабон со учество на 21 европски тим, по победите над тимовите од Универзитетите од Виена, Малта, Кипар, Исланд и Летонија (во полу-финалето), екипата на Правниот факултет се пласираше во самото финале, во кое загубија од тимот од Универзитетот во Будимпешта кој подоцна стана севкупен победник на завршните натпревари во Вашингтон, победувајќи ја во финалето екипата од Универзитетот Колумбија, САД.

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Mobile Sliding Menu