Овие книги би требало да ги прочитате барем еднаш во животот!

In Живот и стил

1984, Џорџ Орвел
Орвел во оваа книга ги истражува прашањата на цензурата, пропагандата и индивидуализмот, кога протагонистот се бори да го избегне своето монотоно постоење.

Сто години самотија, Габриел Гарсија Маркес
Романот покрива 100 години од секоја генерација на семејството Буендија, чии грешки во минатото воделе кон нејзино уништување.

Мајсторот и Маргарита, Михаил Булгаков
Еден од најдобрите романи кој може да се чита на различни начини. Слоевитоста е тајната на генијалноста на Булгаков

Моби дик, Херман Мелвил
Одговор на прашањето каде се може да не однесе бескомпромисната желба за одмазда по секоја цена.

Грофот од Монте Кристо, Александар Дима
Исполнета со интриги, љубов, борба и социјална сатира, ова е една од најдобрите книги некогаш напишани.

Животинска фарма, Џорџ Орвел
Алегорија и сатира на советскиот комунизам.

Малиот принц, Антоан де Сент Егзипери

Приказна за пилотот чиј авион се срушил во Сахара и неговата средба со момче кое тврди дека е од друга планета. Напишана е за деца, но наменета е за сите возрасти и различно се сфаќа во зависност од животниот период во кој ја читате.

Кратка историја речиси на се, Бил Брајсон
Еден од најдобрите водичи во науката, каде е опишано се – од величина и историја на универзумот до подем на човечките врсти во него.

Странецот, Албер Ками
Добитник на Нобелова награда за книжевност, ,,Странецот” е поделена на два дела и го следи животот на Мерсоа пред и откако ќе убие човек.

Злосторство и казна, Фјодор Достоевски
Приказна за Раскољников, сиромашен и пропаднат студент, кој смислил план да убие старица со што би ги решил своите финансиски проблеми и тоа го смета за етички оправадано. Што е во животот оправдано, а што не?

Браќа Карамазови, Фјодор Достоевски
Приказна за таткоубиство и семејно ривалство, оваа книга го прати животот на тројца браќа и нивниот татко.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu