Објавени прашањата за екстерно оценување на учениците

In Средно образование
Loading...

На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk се достапни околу 450 илјади прашања, а 20 проценти од нив се обновени.

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од основното и средно обрзование. 

 Тестирањата ќе се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците полагаат два предмета по електронски пат, а распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај. Кој предмет ќе го полагаат учениците ќе дознаат три дена пред тестирањето.

Според последните законски измени за основно и средно образование, годинава новина е тоа што ќе бидат тестирани учениците од шесто одделение до трета година средно. Односно, екстерно нема да полагаат учениците од четврто и петто одделение. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни, по што следи период за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Конечните резултати ќе бидат објавени на 27 јуни.

 
Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu