Објавена првата фотографија од црна дупка

In Истражување и развој

Револуција во нашето размислување за еден од најмистериозните објекти на универзумот –  објавена фотографија од црната дупка наречена ,,Стрелец А” во центарот на Млечниот пат.

Мрежа од осум радио телескопи ширум светот успеала да ја забележи оваа историска фотографија.

Сликата покажува прашина и гас, кои ја опкружуваат црната дупка, во срцето на галаксијата ,,Messier 87” која е оддалечена од Земјата 55 милиони светлосни години.

Самата црна дупка – од која не може да побегне ни светлост ни материја – е невидлива. Но, најновата снимка по првпат отвара потполно ново поле зад кое сите закони на физиката се доведуваат во прашање.

,,Црните дупки се најтаинствените објекти во универзумот. Го видовме она за што го сметавме за невидливо. Ја фотографиравме црната дупка”, рече Шепард Доелман, директор на проектот ,,Event Horizon Telescope”, професор на Харвардскиот универзитет, на заедничката конференција за новинари.

Сликата дава прв директен поглед на акрецијскиот ѕид на црната дупка, нејасна прстенеста обвивка од гас и прашина која постојано го ,,храни” чудовиштето во неа.

Истражувачите собрани околу овој проект, првите податоци успеаа да ги соберат пред две години со помош на телескопи кои се наоѓаат во Аризона, на Хаваи, во Мексико, Чиле и на Антарктикот, и телескопи во Франција и на Гренланд, кои дополнително се вклучиле во ова истражување.

Материјата околу црните дупки кружи скоро со брзина на светлината, пред таа да ја проголта. Фактот дека црните дупки не дозволуваат да им ,,побегне” дури ни светлоста, дополнително го отежнувало истражувањето. Затоа астрономите се сконцентрирале на прстен со светлосно зрачење и материја која кружи на работ на хоризонтот околу темно подрачје кое ја претставува црната дупка, познато како сенка на црната дупка или силуета.

Во потфатот кој траел две години, учествувале повеќе од 200 научници. Проектот чинел измеѓу 50 и 60 милиони долари, и според некои научници можеби е вреден и за Нобелова награда.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu