Нов систем на работа во училиштата во Србија

In Образование
Извор: Shutterstock
Loading...
Едносменска
Advertisement
работа во училиштата, пилот проектот кој е најавен за 1 септември 2019 година, во суштина нема да донесе многу новости, имајќи предвид дека не е задолжителен, но затоа, од друга страна, на учениците кои би сакале, ќе им донесе можност да учествуваат во различни тренинзи и работилници, и тоа бесплатно.

Предлогот на Министерството за образование е да на овој проект му се приклучат 240 училишта. Но, секако, за ова е потребно установите да обезбедат одредени услови, а еден од приоритетите е да имаат кујна во склоп на училиштето, или ако ја немаат, да имаат организиран кетеринг. Секако, и да има доволно простор. Идејата е на учениците да им се понуди добро осмислени активности после редовната настава, а посебно, времето да го користат во финкција на развој, изјавуваат од Министерството и објаснуваат што тоа навистина значи.

Како изгледа новиот концепт

Наставата ќе започнува во вообичаеното време за прва смена. После редовната настава, децата кои ќе сакаат да одат дома никој нема да ги спречи во тоа, но ќе имаат можност да останат да ручаат и да учествуваат во одредени активности организирани од училиштето кои ќе бидат бесплатни.

После ручекот предвидено е да се одржува додатна, дополнителна, менторска настава, припреми за натпревар, приемни испити, работилници за насилство, превенција на наркоманија и други зависности, како и за развивање на комуникациски вештини, вештини на учење и друго.

Исто така ќе можат да посетуваат и завршат основна музичка школа, школа за спорт, школа за цртање, школа за странски јазици. Ќе има и драмски секции, математички, хемиски…

Децата ќе имаат прилика и да се бават со говорништво, развој на критичкото мислење, како и изведување експерименти од доменот на природните науки.

Понатаму, активности од доменот на еколошката етика, заштита на животни, што подразбира правење на мала зоолошка градина во склоп на училиштето, во која ќе има животни кои ќе можат да живеат во училишниот двор. Децата ќе ги одржуваат зоолошките градини, ќе им чистат на животните и ќе ги хранат.

Развивање и практикување на здрави животни стилови, безбедност во сообраќајот и негување и развој на физичките способности, како и насочување во вршење на едноставни поправки на велосипеди и нивно одржување – со ова ќе се занимаваат во рамките на програмата ,,Култура во сообраќајот и спортот”.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu