Никола (23) – Станувам во 3.30 часот и работам се` до 22 часот навечер

In Живот и стил
Loading...

Голем број од неговите врсници би рекле дека младиот земјоделец Никола Третињак (23) има пеколен живот. Секое утро се буди во 3.30. Веднаш после утринската хигиенска рутина влегува во комби и вози свеж зеленчук на пазарот на големо, а потоа неговата мајка ја носи во Долац, каде што нивните производи ќе бидат продадени на долгогодишни клиенти. И помага да го изложи зеленчукот, а потоа се враќа дома. Пред доаѓањето на работниците, тој мора да изготви план за работа за тој ден и да се подготви за нив. Дури тогаш започнува неговиот работен ден, наводнување на оранжерии, подготовка на почва, одржување на машини, одгледување, садење компири, зелени салати, моркови и млад лук е дел од работата што го чека само него.

Околу 10 часот веќе се јавуваат од трговските центри за корекции на нарачките, па Никола мора да биде спремен дополнително да однесе од своите производи онаму каде што е потребно. Потоа тој мора да најде време за документи, пишување понуди, сметки и белешки за испорака. Потоа тој оди до Долац по својата мајка, па се враќа на поле, повторно наводнување, обработување и други работи. Патем, ќе земе еден или два оброка, ќе се истушира околу 22 часот вечер, ќе го вклучи телевизорот, кој му служи како ноќна ламба. Дури и да сака, тој не може да ги задржи очите отворени подолго, телото, вели тој, само се гаси.

Затоа Никола е млад, но голем земјоделец, во Бапка во близина на Велика Горица, кој заедно со своите родители и петнаесет работници обработуваат 14 хектари земјиште, одгледувајќи ги скоро сите врсти на зеленчуци, од кој еден хектар под пластеници во полињата околу семејниот дом. Тој сега со зеленчук снабдува неколку трговски ланци, но не ја напуштил традицијата на Долче која неговата мајка ја негува веќе 25 години, па и на мало секојдневно ги снабдува редовните клиенти.

Го запрашавме: Дали тој некогаш жали што работи по цел ден дома, а не само осум часа во некоја фирма?

,,Не. Иако постојат моменти кога работата едноставно ќе ме исцпи, ќе потклекнам и ќе кажам: не можам повеќе! Се случува да падне град и да уништи половина од се` што во тој момент мора да се набере, мака мачиш додека да се пробиеш на пазарот, имаш сто проблеми. Но, треба да стиснеш заби  и да продолжиш, не само да свртиш нов лист, туку пред тоа, да го извлечеш стариот. Старите земјоделци велат вака: ако имате меко срце, брзо ќе потклекнете. Затоа, во овој бизнис треба да бидеш цврст како камен, кога ќе те погоди, стисни заби, бидејќи само така ќе можеш да се одбраниш од новиот удар”, ни раскажува Никола Третињак за неговиот живот, но и за нековата животна филозофија.

Извор: Јутарњи лист

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu