Некои луѓе шират радост каде и да одат, а други кога и да си одат: Животни мудрости од Оскар Вајлд!

In Живот и стил

Ви претставуваме некои од најубавите цитати од големиот писател Оскар Вајлд.

,,Кога бев млад, мислев дека парите се најважна работа во животот. Сега кога остарев – сигурен сум во тоа“.

,,Жалењето за своите искуства значи запирање на својот сопствен развој“.

,,Со секоја жена разговарај како да ја сакаш, а со секој маж како да ти е досадно”.

,,Нема морални или неморални книги. Книгите се напишани добро или лошо. Тоа е сѐ“.

,,Кога на една љубов ќе и дојде крај, слабите жалат, енергичните веднаш пронаоѓаат нова љубов, а паметните веќе одамна ја имале како резерва“.

,,На непријателите треба постојано да им се простува, затоа што тоа е баш она што најмногу ги нервира“.

,,Благословени да се оние што немаат што да кажат, па молчат“.

,,Животот никогаш не е чесен, но бидејќи повеќето од нас се нечесни – тоа и ни одговара“.

,,Никогаш немојте да зборувате лошо за високото друштво. Тоа секогаш го прават оние кои не можат да се најдат во тоа друштво“.

,,Песимист е човек кој од две зла ќе ги одбере двете“.

,,Маж може да биде среќен со секоја жена, сѐ додека не ја засака“.

,,Мажите секогаш сакаат на жените да им бидат прва љубов. Жените во тоа се попрефинети: сакаат да им бидат нивна последна љубов“.

,,Малку искреност е опасно, а многу – кобно“.

,,Ништо не може да ја излечи душата освен разумот, како што ништо не може да го излечи разумот освен душата“.

,,Луѓе кои сакаат само еднаш во животот, всушност се површни. Она што тие го нарекуваат верност, тоа е мрза, навика или недостаток на фантазија. Верност! Во неа е страста за сопственоста. Многу нешта би отфрлиле, кога не би се плашеле дека други ќе ни ги земат“.

,,Некои луѓе шират радост каде и да одат, а други кога и да си одат“.

,,Кога жена повторно се мажи, причината е тоа што го мразела првиот маж. Кога маж повторно се жени, причината е тоа што ја обожавал првата жена“.

,,Циник е човек кој на сѐ ја знае цената, а на ништо не ја знае вредноста“.

,,Сонцето во светлиот небесен предел за себе има многу поскромно мислење отколку свеќата која гори во подрум“.

,,Кога сме среќни, секогаш сме добри, но кога сме добри, не сме секогаш среќни“.

,,Секогаш позајмувајте пари од песимист. Тој секако не очекува да му ги вратите“.

,,Сите ние сме во провалија, само некои гледаат во правец на ѕвездите“.

,,Само една работа е полоша од тоа сите да зборуваат за тебе – а тоа е да престанат“.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu