Научници вбризгале човечки гени во мозоците на мајмуни и ги направиле поинтелигентни

In Истражување и развој, Политика
Loading...

Научници од Кина

Advertisement
ставиле човечки гени во мозоците на мајмуни – експеримент кој, според најновата студија, се чини дека ги направил приматите поинтелигентни.

Животните покажале подобри резултати на краткиот тест за меморија и реагирале многу побрзо од нормалните мајмуни, според статијата за истражувањето објавена во пекингшкото списание National Science Review.

Истражувањето било предводено од Институтот за зоологија во Кунмин во југозападна Кина, и имало за цел да ја испита генетската основа на човечкиот мозок и еволуцијата на човечката способност за спознавање.

Истражувачите, во мозокот на 11 мајмуни, вбризгале MCPH1 – ген за кој тие мислат дека може да игра важна улога во развојот на човечкиот мозок. На овој начин тие создале ,,трансгенски мајмуни”. Научниците вклучени во ова истражување изјавиле дека ове е прв таков експеримент кој се користи за да се разбере ,,генетска основа на потеклото на човечкиот мозок”.

Истражувачите забележале дека, не само што мајмуните имале подобра краткотрајна меморија, туку и нивните мозоци подолго време се развивале и имале сличен модел на развој како човечкиот мозок.

Експериментот предизвика значителни реакции од научниците од западот, кои остро го искритикуваа и го нарекоа ,,неетички експеримент”.

,,Наметнувањето на човечки особини  може да направи само штета. Каде би живееле и што би правиле? Не создавајте битие кое не може да има смисловен живот, во било кој контекст”, рече Жаклин Гловер, биоетичар на Универзитетот во Колорадо.

Во јануари 2019 година, научниците во Кина клонираа група од пет мајмуни со модифицирани гени, во експеримент дизајниран да им помогне на истражувачите да ги разберат човечките болести.

Тогаш биоетичарите го критикуваа пристапот, бидејќи некои од клонираните мајмуни и ембриони преживеале само неколку дена.

Истражувањето врз приматите е строго контролирано, што значи дека мали се шансите таквите техники да бидат широко применети.

Друг кинески истражувач – професор Хе Јанкуи – се соочи со глобална осуда во 2018 година откако јавно призна дека ги создал првите генетски модификувани бебиња.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu