Науката потврдува: Некои жени носат ген кој ги саботира контрацептивните таблети

In Истражување и развој
Loading...
Предрасудите дека жените се виновни за тоа што забремениле иако користеле контрацептивни таблети би требало да бидат срушени со истражувањето кое покажало дека една од 20 жени носат ген кој може да ја намали ефикасноста на хормоналната контрацепција.

Според најновите истражувања, жените кои користат хормонална контрацепција можат да забременат, бидејќи нивната ДНК целосно го намалува ефектот на контрацептивните таблети.

Универзитет во Колорадо

За првпат истражувачите од Медицинскиот факултет во Колорадо покажаа дека постои генетска особина што може да го зголеми ризикот од неефикасност на контрацептивните таблети.

Една од 20 жени вклучени во студијата ја имале оваа особина и според научниците ова би можело да помогне во решавањето на предрасудите кај здравствените работници кои претпоставуваат дека жените забремениле бидејќи едноставно не ги користеле контрацептивните таблети правилно.

“Кога една жена вели дека забременила иако користела контрацептивни таблети, претпоставката отсекогаш била дека тоа е некако нејзина вина”, вели д-р Арон Лазорвиц, главен автор на студијата објавена во списанието Гинекологија и акушерство.“Овие наоди покажуваат дека треба да ги слушаме нашите пациенти и да размислиме дали има нешто во нивните гени што го предизвикало тоа”.

Професор Арон Лазорвиц
Проф. Арон Лазорвиц, главен автор на студијата

Д-р Лазорвиц и неговите колеги работеле со 350 жени кои имале контрацептивени импланти – мала пластична цевка поставена под кожата во пределот на раката, којашто го ослободува хормонот прогестоген за да спречи овулација.

Тие користеле генетско секвенционирање за да ги испитаат деловите на нивната ДНК за кои се знае дека се вклучени во хормонската регулација. Истражувачите откриле дека околу 5 проценти од учесниците имале нешто во вид на генот CYP3A7 * 1C. Тој е обично активен само во матката, но се деактивира пред раѓањето. Сепак жените со активна форма на генот продолжуваат да произведуваат ензим CYP3A7 и како возрасни.

“Овој ензим ги разложува хормоните од контрацептивните таблети и може да ги изложи жените на поголем ризик од несакана бременост, ова особено важи за оние таблети со помали дози”, вели д-р Лазорвиц.

Дури и најмалиот ризик би можел да има огромно влијание имајќи го во предвид фактот дека од милион жени кои користат контрацептивни таблети, една од дваесет потенцијално ја има оваа особина.

Ова може да биде важно за лекарите, како и за истражувачите кои работат на нови третмани за спречување на несакана бременост, така што ќе им помогнат на повеќе жени да ги избегнат огромните емотивни и финансиски влијанија кои непланираната бременост си ги носи сама со себе, велат авторите.

Сепак, според многу независни истражувачи, овие најнови откритија не треба да ги спречат жените да користат хормонална контрацепција.

Доктор Шерон Камерун од Центар за секусално и репродуктивно здравје
Доктор Шарон Камерун од Центар за секусално и репродуктивно здравје

Професорот Шарон Камерон, директор на Единицата за клиничка ефикасност на Факултетот за сексуално и репродуктивно здравје, за “Independent” изјавил дека една од 1.000 жени кои користат контрацептивни импланти ќе забремени во текот на три години.

“Иако генетиката може да има влијание врз тоа колку добро функционираат контрацептивните методи кај некои жени, ова е само една студија и многу е рано да се каже дали ова откритие ќе биде корисно во иднина”, додаде таа. “Секоја клиничка примена на ова откритие, како на пример, креирање генетски тест кој ќе им каже на жените дали контрацептивните таблети ќе бидат помалку ефикасни за нив, сеуште е далеку од тоа да стане реалност.

Можноста за користење на генетски информации за дијагностицирање болести и предвидување какво ќе биде здравјето на пациентите ја поттикна Националната здравствена служба на Велика Британија да отпочне сопствена “национална геномична услуга”.

Тоа ќе им овозможи на луѓето да платат за да добијат свои генетски информации и да откријат доколку постојат ризици од некои генетски болести – како што е рак или дијабетес – но е бесплатен за пациентите кои веќе имаат ретки или сериозни болести.

 

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu