НАСА нуди 14.000 фунти за доброволци кои би сакале да лежат два месеци во кревет

In Забава

 

Ако мислите дека е потребно да сте доктор по физички науки за да можете да работите во НАСА, размислете повторно.

НАСА моментално им нуди 14.000 фунти (16.500 евра) на оние кои ќе прифатат да лежат во кревет два месеци за да им помогнат да откријат како вештачката гравитација може да влијае на човечкото тело.

Студијата започна оваа недела од страна на НАСА во соработка со Европската вселенска агенција (ESA) во Германскиот воздушен простор (DLR).

Ова е првпат научниците да ја испитуваат употребата на вештачката гравитација како можен начин за спречување на негативните последици од отсуството на гравитација врз човечкото тело.

Експериментална соба

Истражувачите бараат 12 женски и 12 машки волонтери, на возраст меѓу 24 и 55 години, за да поминат 60 дена во кревет. Сите доброволци мора да зборуваат германски. Креветите ќе бидат лоцирани во: envihab, објект за медицински истражувања на Институтот за воздухопловна медицина на Германскиот воздушен простор во Келн. Сите експерименти, оброци и слободни активности ќе се одвиваат во лежечка положба се` додека трае испитувањето.

Учесниците ќе останат во објектот вкупно 89 дена, вклучувајќи пет дена за запознавање и 14 дена одмор и астронаутска рехабилитација на почетокот и на крајот од 60-дневната студија.

Во текот на студијата, движењето на волонтерите ќе биде ограничено за да се намали било каков напор врз мускулите, тетивите и скелетниот систем.

Креветите ќе бидат под агол од шест степени надолу кон главата за да симулираат поместување на телесните течности кои ги доживуваат астронаутите во вселенските летала.

Тестирањето за половина од учесниците ќе биде слично на она со вештачката комора за гравитација. Тестирањето вклучува и центрифуга (машина со брзо ротирачки контејнер што применува центрифугална сила) со 30 вртежи во минута, со цел да ја врати крвта назад во нивните екстремитети.

За време на тестирањето, научниците ќе ги тестираат и когнитивните способности на волонтерите како и нивната мускулна сила, рамнотежа и кардиоваскуларна функција.

 

Џенифер Нго-Анх, лидер на тимот за човечко и роботско истражување во ESA

Со споредување на физичката состојба на двете групи, истражувачите се надеваат дека ќе откријат податоци кои ќе им помогнат да се ублажат последиците кои ги имаат астронаутите за време на долготрајното патување низ вселената.

 

Џенифер Нго-Анх, лидер на тимот за Човечко и роботско истражување во ESA, додава дека студијата им овозможува на истражувачите да го решат проблемот со мускулната атрофија предизвикана од бестежинската состојба, како и други последици како резултат на космичкото зрачење, изолацијата, просторните ограничувања и сл.

Оваа студија има две групи, првата група на учесници за тестирање е веќе пристигната на 25 март, по што следи втора група на почетокот на септември.

Аплицирањето за есенската група трае до 24 мај. Доколку сакатe да учествувате во оваа студија пријавете се на probanden-bit@dlr.de.

 

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu